Алкантара во Манчестер Јунајтед ?

Англискиот фудбалски шампион Манчестер Јунајтед е на чекор од потпишување на договор со младиот фудбалер на Барселона Тијаго Алкантара.
За трансфер на Алкантара на Олд Трафор,  Манчестер Јунајтед на Барселона и понуди 17 милиони фунти, за младиот фудбалер раководството на Јунајтед подготвува петгодишен договор со годишна плата од 5,5 милиони фунти.

Иако од Барселона се уште нема официјална потврда за овие информации, сепак трансферот на Алкантара од Барселона во Манчестер Ј. би требало да биде завршен до крајот ан викендот.

Покрај Иско ѕвездата на Малага, Алкантара е еден од најдобрите млади фудбалери во Шпанија, на кого најверојатно веќе му досади да ја чека вистинската прилика на Ноу Камп.

Виничиус презентиран на „Бернабе“: Го избрав најголемиот клуб во светот

 Бразилецот Виничиус Жуниор изјави дека доаѓа во најголемиот клуб во светот, откако беше претставен официјално како играч на Реал Мадрид.

Осумнаесетгодишниот талент беше купен уште пред неколку месеци од Фламенго, откако за него „белите“ платија 45 милиони евра. Во тоа време тој не можеше да дојде во Шпанија, бидејќи не беше полнолетен, но сега тоа веќе е факт.

По традиција Виничиус се фотографираше со 13-те трофеи од европските натпреварувања, заработени од кралскиот клуб, по што се појави и пред медиумите, заедно со својот татко, своите агенти, легендата Роналдо Назарио, кој е негов кум и се разбира претседателот Флорентино Перез.

- Ова е најубавата шанса што еден фудбалер може да ја добие. Подготвен сум да положам многу напор за да ја користам оваа можност. Доаѓам од скромно семејство, па сум подготвен цврсто да работам. Имав можност да бирам меѓу големи клубови и го избрав најголемиот. Ќе покажам на тренерот дека иако имам 18 години, јас сум подготвен да играм, изјави Виничиус.

Тој му се заблагодари на претседателот и раководството за довербата и додаде дека адаптацијата нема да биде лесна, но ќе направи сé што треба за да биде се во ред.

Традиционално по официјалниот дел Бразилецот се појави во дрес на теренот, каде што покажа некои од своите вештини со топката пред неколку илјади фанови на „белите“, кои дојдоа да го поздрават. 

Македонија ја совладаа Албанија на Европското првенство во Софија

 Младинската кошаркарска репрезентација на Македонија ја совлада Албанија со резултат 77:69 на Европското првенство (ЕП), дивизија Б, во Софија.

За македонските кошаркари ова е трета победа во низа и ќе се борат за пласман од деветто до 13-то место.

Натпреварот беше исполнет со резултатски осцилации, но избраниците на селекторот Никола Василев успеаа да се консолидираат во клучните моменти и во последната четвртина направија предност што им овозможи победа.

Најефикасен во македонскиот тим беше Виктор Ефремовски со 20, а Ранко Мамузиќ постигна 19 поени.

Претходно Македонија ги совлада Азербејџан и Белорусија, а претпре и два порази од Летонија и Белгија. Групната фаза македонските кошаркари ја завршија на третото место.

Милан сепак ќе игра во Лига Европа

Тимот на Милан, сепак, ќе игра во Лига Европа. „Росонерите“ ја освоија жалбата пред спортскиот арбитражен суд (КАС) против одлуката на УЕФА да ги извади од европските клубски турнири во сезоната 2018/2019 година.

На 27 јуни, УЕФА го санкционираше седумкратниот европски шампион за кршење на финансискиот фер-плеј, поконкретно за  критериумот за рамнотежа. Станува збор за периодот 2014-2017, кога Силвио Берлускони го предводеше клубот. 

Другиот критериум беше дека поранешниот сопственик Јонхон Ли не успеа да даде финансиска гаранција на клубот и да се оправда пред европската фудбалска централа, од каде доаѓа неговиот капитал и како ќе ги покрие обврските. 

Како што е познато, тој ги загуби „росонерите“ на 10 јули. Тогаш хеџ-фондот „Елиот Менаџмент“ ја презеде контролата над 18-кратниот шампион на Италија, откако Кинезот не успеа да најде 32 милиони евра за да го зголеми капиталот на гигантот од Милано и го пропушти рокот за враќање на заемот кон „Елиот Менаџмент“.

Американскиот инвестициски фонд, кој управува со средства од над 34 милијарди долари, според податоците од 2017 година, се осигури дека минимум три години ќе се ангажира во развојот на клубот, откако се зборува за сериозен развој на маркетинг операциите и изградба на нов стадион.

Токму тоа беше адутот на кој „росонерите“ се потпираа во рочиштето за жалбата, кое вчера траеше повеќе 12 и пол часа. Делегацијата на Милан, предводена од Марко Фасоне и претставникот на „Елиот“ - Френк Твил рекоа дека клубот веќе има јасна иднина, како и финансиска стабилност. 

„Росонерите“ се одбранија и со тоа што УЕФА била многу мека против ПСЖ, Манчестер Сити и Интер, кои поминаа со многу полесни казни при нарушувањето на финансискиот ферплеј во последниве години. /МИА

притисни ентер