Ѓоковиќ загуби добиен меч од Бердих

Шестиот светски тенисер Томаш Бердих го изненади првиот фаворит во Рим најдобри тенисер на планетата Новак Ѓоковиќ победувајќи во четвртфиналето на АТП Мастерсот со 2-1 по сетови 2-6, 7-5 и 6-4.

Бердих во 15 меч против Новак Ѓоковиќ ја извојува само втората победа.

Високиот Чех по голема борба се избори за пласман во полуфиналето на АТП Мастерсот во Рим.

Најдобриот светски тенисер одлично го започна мечот и по само половина час игра веќе водеше со 1-0 во сетови.
Првиот носител во Рим во ист ритам играше се до осмиот гем во вториот сет, Ѓоковиќ имаше сигурна предност во гемови од 5-2 но потоа следуваше играчи и резултатски пресврт. Бердих со маестрална игра ги освојува следните пет гема и го израмнува резултатот во сетови на 1-1.

Расположениот Бердих веќе не запира и на крајот заслужено по втор пат во кариерата добива меч против лидерот во светскиот тенис Новак Ѓоковиќ.
Противник на Томаш Бердих во полуфиналето ќе биде победникот од шпанското четвртфинале меѓу Рафаел Надал и Давид ферер.
притисни ентер