Македонските кик-боксери освоија осум медали на Светскиот куп

Македонската кик-бокс репрезентација освои осум медали, од кои по три златни и сребрени и два бронзени, на Светскиот куп што викендов се одржа во Бихаќ (БиХ).


Светскиот куп се одвиваше во дисциплините: поинт фајт, лајт контакт, кик лајт, фул контакт и лоу кик.

Со медали од македонските борци се закитија:

1. Димитар Георгиев - кик лајт 1.место и лоу кик 3.место

2. Ненад Манојловски - кик лајт 1.место и лоу кик 2.место

3. Таркан Ракиповски - лоу кик 1.место

4. Роберт Костовски - кик лајт 2.место

5. Дарио Манев - кик лајт 2.место

6. Елена Стојчевска - поинт фајт 3.место.

На ова натпреварување учество земаа 526 натпреварувачи од девет земија: Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Република Српска, Црна Гора, Словенија, Хрватска, Финска и Унгарија.

Средба на министерот Спасовски со шведската амбасадорка Форсгрин Бенгтсон

Соговорниците ги потврдија заедничките приоритети како што се борбата против организираниот криминал, владеењето на правото и борбата против корупцијата.

Поддршката што Шведска ѝ ја дава на нашата земја во процесите на интеграција кон ЕУ, како и можностите за идна соработка во областа на безбедноста беа во фокусот на средбата помеѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и шведската амбасадорка во земјава Кристин Форсгрин Бенгтсон, што се одржа денеска во Министерството за внатрешни работи.

– Соговорниците ги потврдија заедничките приоритети како што се борбата против организираниот криминал, владеењето на правото и борбата против корупцијата, со подготвеност за заедничка соработка на овие полиња во иднина, се наведува во соопштението од МВР.

Министерот за политички систем Груби оствари средба со амбасадорот на Кина, Џанг Ѕуо

Првиот вицепремиер и министер за Политички Систем и Односи меѓу Заедниците, Артан Груби, денес оствари средба со амбасадорот на Народна Република Кина во Република Македонија, Џанг Ѕуо.

Посакувајќи добредојде во неговиот кабинет, првиот вицепремиер Груби истакна дека односите со меѓу Република Македонија и Народна Република Кина се коректни.

Груби изрази уверување дека развојот на економската соработка ќе биде понатамошна цел на амбасадорот Џанг Ѕуо и дека тоа ќе резултира со зголемување на бројот на кинеските компании кои ќе најдат интерес да инвестираат во Република Македонија.

Првиот вицепремиер Груби му се заблагодари на амбасадорот Ѕуо за донациите дадени од Народна Република Кина за Македонија во медицинска помош со цел да се спречи ширењето на вирусот COVID-19.

Амбасадорот Џанг Ѕуо се заблагодари за реализираната средба и во оваа пригода му пренесе на првиот вицепремиер дека Република Македонија е пријателска земја за кинескиот народ, со посебен придонес во развојот на односите меѓу двете земји. Тој исто така ја поздрави континуираната поддршка на Република Македонија кон државните позиции на Народна Република Кина.

Истотака амбасадорот Џанг Ѕуо подвлече дека Народна Република Кина посветува големо внимание на досегашната соработка во сите сфери меѓу двете земји и верува дека таа ќе се интензивира со цел да се постигнат конкретни резултати. Амбасадорот Ѕуо истакна дека во наредниот период ќе се ангажира во интензивирање на соработката меѓу Македонија и Кина во областа на културата, образованието и туризмот.

Груби пред кинескиот амбасадор изрази интерес за автопатот Кичево-Охрид-Струга и побара да се надминат сите пречки за што побрзо реализирање на проектот.

Груби и Ѕуо разговараа и за стратешките електронски комуникации, 5G мрежата и обврските што ги имаме како земја членка на НАТО и кон стратешките партнери.

Вицепремиерот Димитров во прва работна посета на Брисел од формирањето на новата Влада

На маргините на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК) што неделава се одржува во Брисел, вицепремиерот Димитров ќе оствари средба и со државниот министер за Европа на Сојузна Република Германија, Михаел Рот.

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров утре ќе престојува во работна посета на Брисел, што всушност е и прва посета во седиштето на ЕУ на претставник на Владата на Македонија по нејзиното формирање.

Како што соопшти СЕП, предвидени се средби со потпретседателот на Европската комисија задолжен за промоција на европскиот начин на живот, Маргаритис Схинас и еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји, како и со други претставници на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската комисија.

На маргините на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК) што неделава се одржува во Брисел, вицепремиерот Димитров ќе оствари средба и со државниот министер за Европа на Сојузна Република Германија, Михаел Рот.

-Работната посета на заменик претседателот на Владата Никола Димитров се случува во исклучително важен момент за Македонија, во светло на дефинирање на Преговарачката рамка и одржувањето на првата меѓувладина конференција со ЕУ, што ќе означува и официјален почеток на пристапните преговори со Унијата, стои во соопштението на СЕП.

На средбите Димитров ќе ги отвори прашањата поврзани со ИПА 3 програмата, имајќи го предвид утврдувањето на Повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ 2021-2027 што е актуелно периодов. Во тој контекст ќе се зборува и за подготовките за димензионирање и објавување на најавената Економска програма за развој и инвестиции за Западен Балкан.

притисни ентер