Лепа Брена прв пат проговори за својата болест

Се онесвестив на концерт и со хеликоптер ме однесоа во болница , раскажува Брена за својата здравствена состојба .
Брена прв пат проговори за својата болест. Таа открива дека имала силно воспаление на синусите и поради тоа дури и се сменил и гласот .

,,Успеав да одржам еден концерт сом воспалени синуси , но на вториот се онесвестив . Со хеликоптер ме однесоа во болницата во Нови Сад . Имав страшни болки и цело време бев под инфузија “ , раскажува Брена и вели дека не можела ниту очите да ги отвори и поради болките мислела дека има тумор во главата .

Брена оваа сторија  ја раскажува и во својот автобиографски документарен филм , но тој дел бил исечен .

За моменталната здравствена состојба вели дека има тромбоза , но дека се е под контрола. 

,, Тромбозата бара сосема различен начин на живот , на исхрана , што целосно ги сменив . Се бара умерена физичка активност , не смеете да бидете во прегреани простории ... а не е лошо ни да се пие алкохол “ , низ смеа раскажува пејачката .

Сигурна смрт или не:Дали знаете колку далеку може да лета авион ако му откажат сите мотори?

Се случило еднаш...

Тоа што пилотите не го знаеле е дека горивото течело цело време на патот од Торонто до Лисабон. Кога откажал првиот мотор, донесена е одлука авионот принудно да слета на Азорски острови.

Не долго потоа откажал и вториот мотор, па екипажот, кој зад себе имал повеќе од 20 000 часа искуство, продолжил да едри во воздухот уште околу 120 километри. Авионот бил успешно приземјен, а инцидентот влегол во историјата како најдолгиот авионски лет без помош на мотор, пишува британски Телеграф.

Приказната за летот на компанијата Ер Трансат е потсетник дека дури и ако сите мотори откажат се уште постојат големи шанси патниците безбедно да слетаат на земја. Пилотот Патрик Смит во неговата книга "Cockpit Confidential"  објаснува дека без погон на моторите висина на летот на авионот на секој 16 километри оддалеченост опаѓа за околу 1,6 километри. Тоа значи дека патнички авион, кој во просек лета на 10 километри надморска височина, може да едри уште околу 100 километри пред да ја допре земјата. Сепак, брзината и аголот на понирањето не се секогаш исти.

Во 1982 година на летот на компанијата Бритиш ервејз од Окланд на Нов Зеланд кон Монт Галунгунг во Западна Јава во Индонезија, се случило да откажат сите четири мотори. Со однос на едрење од 15:1, екипажот сфатил дека на располагање имаат уште само 23 минути, пред да се удрат од земјата, а дека пред нив се наоѓа пат од 146 километри. Како што авионот се доближувал до Џакарта, каде требало принудно да слета, така ненадејно проработил прво едниот мотор, по него вториот, а тогаш и преостанатите два. Во инцидентот немало повредени. Смит наведува дека едрењето се одвива многу почесто од што патниците и се свесни за тоа.

-Процесот отприлика наликува како спуштање на автомобилот по удолница без притискање на педалата за гас“, појаснил.

Урнебесно! Го вклучил задниот бришач но не очекувал дека ќе се случи ова! (видео)

Речиси сите возачи чии автомобили имаат задни бришачи велат дека тоа навистина многу им значи.

Без оглед за која и да временска неприлика станува збор секако дека е полесно кога задното стакло е барем и малку почисто. Видливоста е подобра, а со самото тоа и возењето е полесно.

Сепак, изгледа дека не се сите возачи  вешти  во рачно монтирање на овие бришачи. На интернетот со години  кружи урнебесна снимка која ги насмеала сите кои ја погледнале. Некој кој возел зад возилото во снимката снимил како „совршено“ функционира бришачот на автомобилот  пред нив. И навистина, бришачот работи, но не за тоа за што е наменет. Погледнете ја снимката и ќе ви стане јасно на што мислиме:

Сандра Африка ги покажа нејзините вежби за задник, а Огњен ја натерал да го стори и ова (видео)

Пејачката Сандра Африка ја сметаат за една од најзгодните на регионалната страда. 

Исто така, таа веќе подолг период ја носи титулата за „најдобриот задник“ на српската естрада, а во Амиџи шоу прифатила да ги покаже вежбите кои ја довеле до таквата фигура.

Како што кажала, таа тоа го прави со тегови, но препорачува дека за такво нешто сепак би требало да се консултирате со тренер.

Кога тргнала да ги покаже вежбите, Огњен ја сопрел и буквално ја натерал да ги соблече сакото кое го носила, секако под изговор дека така подобро ќе ја снимаат.

Таа направила неколку вежби, а како тоа изгледало погледнете во видеото:

притисни ентер