Македонската книжевност претставена во полското списание „Wyspa“

Македонската книжевност е претставена на воведно место во новиот број на полското книжевно списание „Wyspa“ (Остров).
Објавен е осврт за македонската книжевност од проф. д-р Лила Мороз-Гжелак од Полската академија на науки и избрани песни преведени на полски јазик од современите македонски поети Јовица Тасевски-Етернијан, Лидија Димковска и Владимир Илиевски. Објавено е обраќањето на в.д. амбасадорката на Република Македонија во Полска Горица Атанасова-Ѓоревска, на претставувањето на македонската поезија и проза на Меѓународниот саем на книгата во Варшава.

Освен поезија од Етернијан, Димковска и Илиевски, во овој број на списанието се објавени песни од ирскиот поет Шејмас Хини, добитник на Нобеловата награда и на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата, од еминентната луксембуршка поетеса Анис Колц, добитничка на повеќе европски награди за поезија, од познатата данска авторка Ингер Кристенсен, како и од повеќе други афирмирани европски поети.

Објавени се и прозни дела преведени на полски јазик од српскиот автор Филип Давид, од хрватскиот автор Слободан Новак и др. Списанието „Виспа“ излегува четири пати годишно, а главен уредник е Пјотр Добролецки. 

Зголемени водостоите на реките Вардар, Пчиња и Брегалница

Најголемо зголемување на водостоите имаат реките Вардар кај Јегуновце, Зајчев рид и Демир Капија, Пчиња кај Катлановска Бања.

Повисоки нивоа споредено со вчерашните се регистрирани на реките Вардар кај Јегуновце, Зајчев Рид, Велес и Демир Капија, Пчиња кај Катлановска Бања, Брегалница кај Берово и Штип, Сушево кај Струмица, Црна река кај Новаци, Сатеска кај Ботун и Радика кај Бошков Мост покажуваат хидролошки мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи.

Најголемо зголемување на водостоите имаат реките Вардар кај Јегуновце, Зајчев рид и Демир Капија, Пчиња кај Катлановска Бања.

Од УХМР информираат дека минимално зголемување на нивоата е регистрирано на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро. 

Над 8.000 македонски граѓани преку ГП Богородица заминале кон Грција за продолжениот викенд

 На граничниот премин „Богородица“ утрово од околу три часот е зголемена сообраќајната фреквенција.

Oсобено на туристи и патнички возила кои се упатуваат кон Грција за продолжениот викенд, информира за МИА командирот на граничниот премин Миле Тошев напоменувајќи дека за изминативе седум часа,  на излез се регистрирани околу 4.500 патници.

- Работиме со полн човечки и инфраструктурен капацитет за да ги задоволиме потребите на сите што одлучиле да патуваат преку овој граничен премин. Ангажирани се сите шест сообраќајни ленти од кои пет за патничките и една за транспортните возила. Задржувањето на патниците изнесува од 20 до 30 минути поради обавување на царинските формалности. Толкаво е задржувањето на патниците и на грчката страна од границата. На влез во земјава состојбата е многу порелаксирана, поточно секојдневна, рече Тошев.

Според податоциете од пограничната полиција, од вчера од 12 часот низ граничниот премин Богородица кон Грција се упатиле вкупно 12.200 патници од кои само на излез се регистрирани 10.394 патници.Од нив 8.500 се македонски граѓани, а останатите претежно туристи од Србија.

Тевдовски и Ангеловска-Бежоска во работна посета на Брисел

 Министерот за финансии Драган Тевдовски и гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Анита Ангеловска - Бежоска се во работна посета на Брисел.

Како што соопштија од Министерството за финансии, посетата на Тевдовски и Ангеловска-Бежоска е во рамки на Економско-финансискиот дијалог меѓу ЕУ и Западен Балкан и Турција.

На настанот ќе бидат презентирани оценките на земјите во исполнувањето на насоките на ЕУ во Програмата за економски реформи. 

Во рамки на посетата министерот за финансии ќе се сретне со еврокомесарот за економски и финансиски прашања, даноци и царина, Пјер Московичи. Целта на средбата со еврокомесарот е да се унапреди соработката со ЕУ на сите полиња.

Во соопштението се додава дека Министерството за финансии првпат има стратегија за создавање европски систем за управување со јавните финансии. 

притисни ентер