По кавгата во судница, одложено рочиштето за „Тотал“

Во бурна атмосфера заврши второто рочиште за случајот „Тотал“. Одбраната на обвинетиот Драган Павловиќ – Латас вербално се расправаше со судијката и инсистираше судскиот процес да се снима аудио и визуелно.
 Но, да нема снимање од медиумите, туку од Кривичен. Судот со став, во судницата нема технички услови. Само во оваа судница во Кривичниот суд е возможно процесите да бидат снимени. Но, за во првата судница на скопска единица има закажано повеќе предмети. Судскиот процес „Тотал“ ќе се суди тука но на 9 февруари в година.

До наредното, трето рочиште кое ќе биде снимено од судот, на двете, од трите фирми опфатени во предметот на СЈО, треба да биде избран претставник на компаниите. Адвокатката Анита Бегова, пред судијата рече дека ќе биде бранител и на Драган Павловиќ – Латас и на една од фирмите.

Новинарот и уредник, е обвинет за даночно затајување. Според обвинението на СЈО, тој се товари дека заедно со фирмите „Тотал маркетинг“, „Медиамакс“ и „Тотал медиа центар“, со намера одбегнале плаќање на даноци во завршните сметки и во даночните пријави се дале лажни подароци. Буџетот од име на фирмите, според СЈО, е оштетен за повеќе од 120.000 евра, додека Павловиќ го оштетил за околу 63.000 евра.


Приведени 12 странски државјанки во локал во Желино

При контрола во угостителски објект лоциран на регионалниот пат Тетово - Скопје, во село Желино ноќеска полицијата привела 12 странски државјанки.

Како што е наведено во полицискиот билтен, ноќеска во периодот од 23:00 до 02:30 часот полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во Угостителски објект лоциран на регионалниот пат Тетово - Скопје, поточно во село Желино, сопственост на З.С. од село Желино.

Во објектот биле затекнати 12 лица-странски државјанки, од кои 11 лица од Албанија и едно од Косово кои биле приведени во Полициска станица Тетово за понатамошна постапка. /МИА

ИК на ВМРО-ДПМНЕ бара техничка влада по пржинскиот модел пред секои избори

Реализирање на веќе договорените концепти за финансирање на партиите и формирање техничка влада по пржинскиот модел пред секои избори се ставовите на кои останува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Ова беше потврдено на синоќешниот состанок на Извршен комитет на партијата, на кој се анализираше актуелната политичка ситуација и прашањата што се дел од меѓупартиските разговори со власта на претседателско ниво.

„Само на овој начин избирачите ќе имаат гаранција дека власта нема да го злоупотреби нивниот глас, односно дека опозицијата ќе има можност соодветно да дејствува при сите обиди за можен фалсификат и нема да се дозволи повторување на локалните избори. Обидите на Зоран Заев да ја манипулира јавноста со измислени образложенија дека некој бара амнестија за некаков криминал беа оценети како несериозни“, се вели во соопштението на партијата.

Во врска со формулацијата на референдумското прашање ИК на ВМРО-ДПМНЕ смета дека за да се согледа јасно волјата на граѓаните мора да се почитува законот што предвидува недвосмислени прашања.

ИК му даде целосна и недвосмислена поддршка на партискиот лидер Христијан Мицкоски да ги застапува ставовите на партијата во натамошниот тек на лидерската средба.

„Македонските граѓани заслужуваат власт која вистински ќе се води по европските принципи за почитување на Уставот и законите, особено за важни прашања поврзани со носење на одлуки за иднината на државата како што се македонските интеграции во Европската унија и НАТО“, се наведува во соопштението. /МИА

Потешко повредено шестгодишно дете по удар од автомобил

Шестгодишно дете е потешко повредено на регионалниот пат Хиподром-Јурумлери откако автомобил удрил во него.

Во незгодата детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено и задржано во комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Како што информира МВР, вчера околу 15:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека патничко моторно возило „Сеат“ со скопски регистерски таблици управувано од Ј.И. (58) од Скопје удрило во дете на возраст од шест години на регионалниот пат Хиподром - Јурумлери, кај место викано „Дунек“. /МИА

притисни ентер