НАСА во потрага по вонземјани

НАСА планира да испрати ровер на Марс во надеж дека ќе успее да открие вонземјани.
Ново, значително унапредено беспилотно возило ќе биде испратено на друга планета во склоп на мисијата Марс 2020, чија задача ќе биде да пронајде знаци на постоење микробиолошки живот.

Новиот ровер ќе биде наследник на роботското возило Кјуриозити 2012 кое се уште се наоѓа на Црвената планета.

Со помош на ултра моќни сензори со кое е опремен роверот  ќе може да се проучува на планетата, нејзината површина но и под површината. 
-Тоа што ќе го дознаеме на основ на примероците кои ќе бидат собрани во рамките на оваа мисија би требало да ни откријат дали сме сами во вселената, истакна Кен Фарли еден од научниците кој работи на проектот.

Новата технологија овозможува откривање на знаци на живот на основ на микроби. 

Одбележувањето на денот на децата бегалци се претвори во скандал

Татковината – копнеж на прогонетите. Со таков слоган се одбележа 5тата светска средба на децата бегалци од Егејска Македонија.

Со говори, музика и песни се сеќаваа на минатото.

Сепак последните политички случувања во земјава не останаа незабележани на средбата.

Владината претставничка Цветанка Ласкова наместо  говор за децата бегалци од Егејска Македонија, го искористи моментот да го промовира договорот меѓу Македонија и Грција.

На дел од присутните не им се слушаше, го свртеа грбот и раволтирано ја напуштија салата.

Откако завшри владиниот говор на Ласкова, тие се вратија во салата да се видат со пријателите од детството.

Советничката на премиерот Заев - во своја одбрана.

- Јас сум посебен советник на премиерот Зоран Заев и нормално дека ќе одржам таков говор. Зборував за нашите стремежи, зборував за договорот со Р. Грција, зборував за нашето членство во ЕУ и НАТО. И тоа се тие работи за кои што треба да проговориме јавно. На некои луѓе не им одговараат такви говори и разговори но тоа е наша вистина и тоа е што ќе не води во светла иднина. Луѓето и кои што не сакаат тоа да го слушаат јас денеска се обратив и до нив. Следува референдум и секој по свое мислење ќе си го каже својот одговор, дали за во ЕУ и НАТО или не.  Цветанка Ласкова, посебен советник за култура.

Премиерот Заев не се одѕва на поканата, поради неговата агенда. Но на децата бегалци им се обрати преку писмo.

Според историски записи околу 28 илјади деца за време на Граѓанската војна во Грција , пролетта 1948-та година, биле одвоени од своите мајки и однесени во тогашните социјалистички држави.

Мојот Бог се вика Доналд Трамп:Индиец секаде носи фотографија од американскиот претседател,а му направил и црква!(видео)

Еден фармер од  Индија предизвика зачуденост ширум светот поради тоа што како Бог го почитува - Доналд Трамп.

Мажот  по име Буса Кришна вели дека уште пред три години почувствувал дека „Трамп е нешто посебно“.Особено му се допаднала неговата кампања во која ветил дека „повторно ќе ја направи голема Америка“.

Иако членовите на семејството и пријателите го советувале да побара стручна помош, поради тоа што мислат дека нивниот син Буса побудалел, фармерот тврди дека нема намера да се откаже од богот Доналд Трамп.

Фармерот толку се внесол во „новата религија“ што направил и мало светилиште односно храм на Доналд Трамп, а за да ја покаже својата предаденост, поставил и Фејсбук страна на која објавува фотографии и снимки од неговите верски ритуали.

Каде и да оди, Буса Кришна со себе носи и фотографија од американскиот претседател, а вели дека на Трамп му се моли секој ден, пренесува „Њусвик“.

Дали вака изгледа пеколот?! Камерата забележала досега невиден ветер кој го нарекле огнено торнадо!(видео)

Една двојка во Америка со камера снимиле глетка која личи на оние од холивудските филмови за крајот на светот.

Имено, Крис и Ана Меки од Аризона, возејќи се покрај реката Колоради во калифорнискиот град Блит, снимиле огнено торнадо.

Тоа е  невообичаен феномен кој настанал кога синиот ветер ја однел огнената стихија до работ на реката. Се создал неверојатен виор на огин, ветер и вода, кој досегнал дури 7,6 километри висина.

Причините за овој  пожар се уште се истражуваат, но медиумите јавуваат дека огинот уништил површина од вкупно 924 хектари.

притисни ентер