Русите направиле одело отпорно на пламен и експлозија (видео)

Рускиот производител на тактичка опрема ЦНИточмаш (Централен научно-истражувачки институт за прецизно машинство) неодамна го покажа својот нов производ – борбен комбинезон кој во целост штити од експлозија и пламен.

За таа прилика, каскадерката Викторија Колесникова, облечена во комбинезонот, прошета низ симулација на воено поле, на кое експлодираа мини и се ширеше пламен.

И покрај тоа, Викторија помина без гребнатинки, а единствената последица која ја искуси беше неколку дамки од чад на нејзиното лице.

Таа, после своето огнено крштевање, пред новинарите изјави дека чувството кога се наоѓате внатре во огнената стихија е целосно неверојатно.

Сергеј Титов, задолжен за развојот на програмата во ЦНИточмаш, изјави дека Колешникова ја демонстрирала можноста на напредната арамидна ткаенина, која е во состојба да издржи кинетички удари и дејство на пламен.

На сегашното ниво на развој, материјалот и дизајнот на оделото способни се да се “изборат“ со куршуми и шрапнели, но се уште се работи на отпорноста од пламен, за да може оделото да издржи 30, наместо досегашните 15 секунди континуирана изложеност на пламен.

Во компанијата се надеваат дека до 2020 година ќе го имаат финалниот производ, кој официјално ќе стане дел од програмата за модернизација на руската војска.

ЈО: Истрага за разбојништво со автоматска пушка во казино во Лешок

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка.

На 24 април, осомничениот, маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка која на граѓаните им е забранета им се заканил на вработениот во обезбедувањето и на уште едно присутно лице. Ја репетирал автоматската пушка и им наредил на оштетените да легнат на подот, по што од фиоките на касите одзел 329.780 денари.

На овој начин осомничениот сторил кривично дело – Разбојништво по член 237 став 4 во врска со став 1, како и кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност од бегство, можност тој да влијае врз сведоците и да го повтори делото. Судот го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.

Бројот на Австријци кои живеат во сиромаштија се зголеми за повеќе од 50 проценти

 Бројот на Австријците во апсолутна сиромаштија е зголемен за повеќе од 50 отсто, од 201.000 во 2022 година на 336.000 минатата година, соопшти Заводот за статистика на земјата.

Според бројките презентирани од Статистика Австрија, погодените луѓе не можеле да си дозволат многу секојдневни работи како кирија, греење или храна.

Децата и младите се релативно почесто погодени од сиромаштија отколку возрасните.

Во опасност од сиромаштија се 41 отсто од самохраните родители и 31 отсто од семејствата со најмалку три деца.

Според податоците, процентот на жители во ризик од сиромаштија би изнесувал дури 42 отсто без државна социјална помош.

Универзитетот Колумбија го одложи рокот што им го даде на демонстрантите против војната во Газа

Американскиот универзитет Колумбија го одложи рокот, кој истекува на полноќ, што им го даде на пропалестинските студенти да го расчистат кампусот, каде што протестираат против војната во Газа.

- Преговорите напредуваа и продолжуваат според планираното, соопшти кабинетот на претседателот на Универзитетот во Њујорк Минуш Шафик, негирајќи дека била побарана полициска интервенција.

- Не нарекуваат терористи, нè нарекуваат насилници. Но единствената алатка што ја имаме е нашиот глас, рече еден од студентите на собирот.

Пропалестинските студентски демонстрации во САД, кои се проширија на неколку универзитети, почнаа на Универзитетот Колумбија во Њујорк.

Некои од најпрестижните универзитети во светот, како Харвард, Јеил и Принстон, се приклучија на студентското движење и демонстрации.

притисни ентер