Министерот Бектеши на Генерално собрание на UNWTO во Кина

Министерот за економија Крешник Бектеши учествува на 22-то Генерално собрание на Светската туристичка организација (UNWTO), што се одржува во Ченгду, Кина.

Бектеши, како што информираат од неговиот кабинет, во рамките на годишното Генералено собрание на UNWTO на кое присуствувале 70 министри одговорни за туризам од целиот свет, учествувал во гласањето за нов генерален секретар и нов управувачки одбор на организацијата која управува со туризмот на глобално ниво.

Во рамки на Годишното собрание, министерот Бектеши се состанал со повеќе колеги од регионот и светот, со кои дискутирале за правците на развој на туризмот на глобално ниво, за  новите трендови и за подобрувањето на туристичките услуги, притоа претставувајќи ја туристичката понуда на Македонија, можностите за соработка во поглед на зголемување на бројот на туристи, преку разните поволни  понуди.

Светската туристичка организација (UNWTO) е агенција на Обединетите нации одговорна за промовирање на одговорен, одржлив и инклузивен туризам. Како главна меѓународна организација во областа на туризмот, таа го промовира туризмот како катализатор за економски раст, инклузивен развој и одржливост на животната средина, обезбедува водство и поддршка на туристичкиот сектор во однос на унапредување на знаењата и туристичките политики ширум светот.

Генералното собрание на UNWTO, кое се состанува на секои две години, за усвојување на буџетот и работната програма, дебатира за витални теми за туристичкиот сектор, додека пак секои четири години  избира нов генерален секретар. 

Утре сончево и уште потопло

Времето утре претежно сончево и уште потопло. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. Минималната температура од 12 до 21, а максималната од 31 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје сончево со умерен западен и северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 18 до 38 степени.

Од понеделник следува период на нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а локално се можни и поинтензивни процеси. Ќе дува засилен северозападен ветер, па дневната температура од вторник значително ќе се намали. /УХМР

Без вода утре корисниците од бул.„Партизански одреди“ до ул.„Максим Горки“

Прекин во водоснабдувањето утре од 8 часот до санирање на дефектот ќе имаат корисниците од бул.„Партизански одреди“ до ул.„Максим Горки“ во Скопје, информираат од ЈП Водовод и канализација.

Прекинот во водоснабдувањето, како што се наведува, е поради промена на шибер од ф 80мм на ул.„Васил Главинов“  блок 10. /МИА

Пакистански политичар се самоубил поради своите синови

Самостојниот кандидат на изборите за парламентот на Пакистан, Мухамед Ахмед Мугал се убил откако неговите синови не се согласиле со политиката која ја застапува.

Тоа го соопшти пакистанската полиција.

Еден од полицајците изјавил дека Мугал дома наишол на отпор, бидејќи неговите синови ги подржувале кандидатите на поранешната владејачка партија, Пакистанската муслиманска лига.

По изборните закони на Пакистан, изборите на кои Мугал бил кандидат, ќе бидат одложени и предизборниот процес повторно ќе започне после регуларните избори на 25 јули.

притисни ентер