Објавен превод на роман од современиот шведски писател Кемири

„Македоника литера“ од Скопје го објави романот „Сè што не помнам“ од шведскиот писател Јонас Хасен Кемири, во превод од шведски јазик на Ивица Челиковиќ.

- Читателот во овој роман го доживува исклучително брзиот ритам на современото урбано живеење на бројни нивоа, при што едновремено се нудат низа прашања за цената која ја плаќаат луѓето за да живеат заедно. Секој кој доживува загуба знае дека единствено остануваат спомените зад оној што неповратно исчезнува. Самиот наслов на романот сведочи за силна фрустрација околу меморијата која не може да се контролира. Човек не може на се да се сеќава. Не може дури ни да биде сигурен дека правилно се сеќава, соопшти издавачот.

Јонас Хасен Кемири е роден (Стокхолм, 1978) е еден од најпопуларните и најчитани прозни и драмски писатели од помладата шведска творечка генерација. Неговите романи „Црвено око“, „Монтекор“, „Им се јавувам на моите браќа“ и „Сè што не помнам“ се преведени на петнаесетина јазици, а негови пиеси се изведувани на голем број театарски сцени во многу земји.

Кемири е добитник и на повеќе литературни награди, меѓу кои престижната шведска награда за најдобро романескно остварување „Аугуст“ и наградата за најдобар роман на Шведското радио. 

Влада: Предложените за претседател и членови на РКЕ се избрани на јавен оглас

Регулаторна комисија за енергетика ќе добие нов претседател.

Владата го предложи Марко Бислимовски да ја предводи главната функција на ова регулаторно тело.

Бислимовски и досега работеше во комисијата како советник и во јавноста важи за професионалец во енергетската област. Од владата уверуваат дека ќе таков ќе биде и како претседател.

Освен Бислимовски, Владата како комисионери ги предлага Наташа Вељановска, Атанаско Тунески и Куштрим Рамадани, исто, досегашен член на Комисијата

Надлежностите и независноста на Регулаторна беа жестока тема на расправа при донесувањето на Законот за енергетика. Опозицијата обвинуваше дека Владата ја нарушува независноста на ова тело, а власта тврдеше дека наместо професионалци со комисијата раководат партиски кадри.

Познавачите на проблематика, оценуваат дека сепак тешка ќе биде битката за независност на РКЕ.

Прв човек на Регулаторна од 2009тата до сега беше Димитар Петров, кој често беше обвинуван поради неговата партиската припадност.

Платите на членовите на Регулаторна комисија се движат околу 1 500 евра.

Мандатот на претседателот и членовите е 5 години со право на реизбор.

Нова пречистителна станица за третман на отпадни води во Кичево

Општина Кичево доби нова пречистителна станица за третман на отпадни води изградена со европски пари.

Со тоа трајно се решава проблемот со отпадните води во општината и се подигнуваат стандардите за заштита на животната средина.

Пречистителната станица е со инсталиран капацитет за 48.000 жители.

Реализацијата на проектот вклучува и изградба на колектор и пристапен пат. Вкупната вредност изнесува 8,3 милиони евра.

притисни ентер