Денеска променливо облачно, од утре стабилизација на времето

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а само во планинските подрачја на југот и североистокот од земјава е можен слаб дожд.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 14, а максималната од 20 до 28 степени. УВ индексот ќе биде 6.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде 12, а максималната 26 степени.

Од вторник следува период на претежно стабилно и топло, а кон крајот на неделата и многу топло време со понатамошен пораст на дневната температура. Преку денот ќе има умерено наоблачување, а локална појава на краткотраен дожд е можна в четврток.

Свечена академија по повод 1000 години од основањето на Охридската архипеископија

Во катедралната црква света софија во Охрид ќе се одржи централната свеченост во рамки на одбележувањето на 1.000 годишнината од Охридската архиепископија.

Освен црковниот, најавено е присуство и на државно-политичкиот врв.

Според проценките, во Грција заминале неколку десетици илјади граѓани

Завршува уште еден продолжен викенд.

Многу луѓе го искористија за мини одмор во Грција.

Меј за референдумот: Импресивна демонстрација на демократија

Британската премиерка Тереза Меј го поздрави резултатот од референдумот во Ирска.

Британската премиерка Тереза Меј го поздрави резултатот од референдумот во Ирска со кој се отвора патот за легализирање на абортусот, нарекувајќи го “импресивна демонстрација на демократија која покажала јасен и недвосмислен резултат“.

Меј им ја честита на граѓаните на Ирска успешната кампања “да“, пренесе „АП“.

Откако референдумот во Ирска изгласа за правото на абортус, целото внимание е насочено кон парламентот на таа земја, кој би требало сега да ги донесе новите закони за абортус.

Официјалните резултати од регерендумот кој е одржан во петокот покажаа дека 66 отсто од граѓаните на Ирска гласале за укинување на осмиот амандман на уставот на Ирска, која забранува абортус, наспрема 34 отсто од оние кои гласаа за зачувување на тој амандман.

Ирскиот премиер Лео Варадкар, после објавување на официјалните резултати порача дека денот кога референдумот се одржал претставува историски ден за неговата земја и голем чин на демократија и истакна дека неговата влада забрзано ќе работи на донесувањето на новите закони со кои абортус ќе биде легализиран во првите 12 недели од бременоста.

Повеќе од 64 отсто од граѓаните со право на глас излегле на овој референдум, што е еден од рекордите во таа земја.

притисни ентер