Во Македонија вработени 723.550, а невработени 225.049 лица

Од 948.599 лица кои лани го сочинувале активното население во Македонија вработени се 723.550, а 225.049 се невработени, покажуваат денеска објавените податоци на Државниот завод за сттаистика.

Стапката на активност во минатата година изнесувала  56,5 проценти, стапката на вработеност 43,1, а стапката на невработеност 23,7.

Во 2015 година стапката на активност изнесуваше 57, стапката на вработеност 42,1, а стапката на невработеноист 26,1.

Во вкупното работоспособното население  над 15 години според економската активност и полот, мажите учествуваат со 61,3 проценти, а  жените со 38,7 проценти.

Од регистрираните 723.550 вработени, 555.894 се ангажирани во деловни субјекти во приватна сопственост, а 167.657 во фирми со друга сопственост, односно мешовита, задружна и државна.

ВМРО-ДПМНЕ-Демократска фракција: Владата максимално да се посвети на клучните реформи

Поддршката на „Нон пејперот” на скоро 1/5 од државите членки на ЕУ (Франција, Холандија, Белгија, Данска и Лукембург), укажува дека граѓаните на Република Македонија мора сериозно да бидат загрижени за евроатланската иднина на сопствената држава.

Поддршката на „Нон пејперот” на скоро 1/5 од државите членки на ЕУ (Франција, Холандија, Белгија, Данска и Лукембург), укажува дека граѓаните на Република Македонија мора сериозно да бидат загрижени за евроатланската иднина на сопствената држава, наспроти розовата слика која сака да ни ја претстави Владата на Зоран Заев. Актуелната влада исто како и владата на Груевски се служи со манипулации и замена на тези. Премиерот Заев и неговата влада мора да знаат дека поддршката од мнозинството членки на ЕУ, е сепак помалку од потребниот консензус на сите држави членки на ЕУ за отпочнување на преговорите за членство.

По објавувањето на ,,Нон пејперот” станува јасно дека позитивниот Извештај на ЕК од пред неколку недели е само политички инструмент и средство за мотивција со кој и се даде дополнителна шанса на Владата на РМ да го стори тоа што мора да го стори. Реформи и реформи.

Сега на сите им станува јасно дека голата замена на власта на едни со други и промената во општата атмосфера во државата, не довеле до суштински напредок во спроведувањето на итните реформски приоритети. Отсуствуваат клучните реформи во правосудството, деполитизација на јавната администрација и во борбата против корупцијата и организираниот криминал. А за тоа се потребни квалитетни и чесни личности во извршната власт, а не шарени шминкери и манекени, партиски мешетари и недоквалификувани кадри и лица од црните листи.

Господине премиере!. Наместо постојано да ширите нереален оптимизам во врска со изнаоѓање на решение за спорот со нашиот јужен сосед како единствен услов за влез во ЕУ, Ви препорачуваме максимално да се посветите на внатрешните проблеми и клучните реформски зафати. Само со подигање на животниот стандард на граѓаните, со еднаквост на сите пред законите и без селективна правда, со администрација како сервис на граѓаните и со дебели казни за сторителите на криминалот и корупцијата, ќе станеме европејци и ќе почуствуваме дека конечно дојде ,,живот”. Во спротивно на добар пат сте да го изодите истиот пат како и Вашиот претходник Груевски.

Граѓаните не се со кратко паметење и знаат да казнуваат. Овој пат на казната за неспособноста да се решат клучните прашања, нема да се чека цели единаесет години. /МИА

Пресметка на банди во Мексико – Пронајдени седум безживотни тела

Во централно мексиканската држава Гванахуато, пронајдени се телата на седум лица, а официјалните претставници сметаат дека станува збор за членови на криминални организации.

Канцеларијата на државниот обвинител соопшти дека три од жртвите убиени се со огнено оружје и оти тие се идентификувани.

Телата на четирите преостанати жртви пронајдени се распарчени во црни пластични вреќи на две локации.

Покрај вреќите пронајдени се и пишани пораки од ривалските банди, пренесува „АП“.

Криминалните групи не се именувани, но се наведува дека се занимаваат со продажба на краден бензин и дрога.

Работна посета на министерот Димитров на Брисел

Министерот за надворешни работи Никола Димитров утре и задутре ќе престојува во работна посета на Брисел.

Како што соопшти МНР, во рамките на посетата, Димитров утре ќе учествува на работен појадок со министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската Унија, организиран во рамките на бугарското претседателство со Советот на ЕУ, претстојното австриско претседавање и во пресрет на Советот за надворешни работи на ЕУ. Дискусиите ќе бидат фокусирани на евроинтегративните процеси на Република Македонија, имплементацијата на реформската агенда на Владата, како и добрососедските односи.

Министерот Димитров на 29 мај ќе има обраќање во бриселскиот тинк-тенк Европски центар за политики (ЕПЦ) на тема: “The Macedonian name dispute: a test for EU enlargement to the Balkans“.

За време на престојот во Брисел, министерот Никола Димитров ќе оствари средби со претставници од институциите на ЕУ и неколку министри за надворешни работи на земјите членки на ЕУ.

По последната средба за името во Њујорк со шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас, медијаторот Метју Нимиц кажа дека преговорите  ќе продолжат во Брисел. Од МНР засега не соопштуваат дали во Брисел ќе има средба на Димитров со Коѕиас. /МИА

притисни ентер