Во Прилеп отворена изложбата „Мал формат“

Во галеријата „Борко Лазески“ во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп синоќа беше отворена изложбата „Мал формат“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). Пред прилепската публика 50-тина македонски уметници се претставија со 80 дела, слики, графики и скулптури.
Според претседателот на ДЛУМ Христијан Санев изложбата има повеќе од 20-годишна традиција и е предизвик за уметниците.

- Изложбата „Мал формат“ има традиција од преку 20 години, а последните 10 до 15 години е во соработка со Културно-информативниот центар од Скопје. Ова е проект на ДЛУМ кој се јавува како идеја на Друштвото, кој им овозможува на своите членови да се обидат своето творештво да го стават во формат кој е 25 на 25 сантиметри. Тоа не е ни малку лесно зашто ние сме поднебје со сликари, онаа стара генерација, која најмногу творела на дела од голем формат, над еден метар. Овде ја вртиме енергијата со цел да се стави фокусот на малиот формат. Исклучително тешко како предизвик, но токму тој е она што изложбата го има како богатаство, рече Санев.

За уметниците ова е вистински предизвик, но за некои и омилен израз.

- Не значи ако форматот на делото е мал, дека влијае на уметноста. Напротив ова е мал формат, но голем уметнички израз, изјави скулпторот Ангел Димоски-Чауш.

Уметникот Кирил Гегоски истакна дека за него е речиси секојдневие изразувањето во мал формат.

- Дури често ми е поиомилен од големите платна. Така поубаво ликовно се изразувам, рече Гегоски.

Директорот на Центарот за култура „Марко Цепенков“ Тони Чатлески истакна дека изложбата е плод на соработка на Центарот со ДЛУМ и се одржува вторпат. Целта е, како што рече, изложбата да ја види публиката низ цела Македонија. /МИА

Ѓукановиќ ја положи претседателската заклетва

Во црногорската престолнина Цетиње со положување на заклетвата  избраниот претседател Мило Ѓукановиќ  официјално ја презема должноста.

Ѓукановиќ претседателската заклетва ја даде пред пратениците од Собранието на Црна Гора.

-Се колнам  во својата чест дека должноста претседател  на Црна Гора ќе ја извршувам совесно и одговорно за доброто на сите граѓани, рече  Ѓукановиќ во заклетвата.

Покрај пратениците , на свечената седница присуствуваа и поранешните претседатели на Црна Гора, премиери и претседатели на парламентот, како и највисоките државни функционери и челници на државните институции.  

Абас повторно примен во болница

Претседателот на Палестина 83- годишниот Махмуд Абас е примен во болница, според анонимен официјален претставник, Абас имал температура.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска повторно е примен во болница. Ова е третпат во една недела да биде хоспитализиран.

Абас во вторникот имал операција на увото и по неколку часа бил пуштен дома. Вчера повторно беше на кратко во болница.

Резултатите од анализите, како што јави палестинската новинска агенција, пренесувајќи ја изјавата на директорот на болницата, се добри.

Абас има проблеми со срцето, а пред десет години му е дијагностициран рак на простата. Инаку, тој е страстен пушач.

Дамаск ослободен, екстремистите евакуирани

Група екстремисти од Исламската држава се евакуирани од последната енклава под контрола на бунтовниците во близина на Дамаск, со што оваа територија е вратена под контрола на државата.

Сириската Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, соопшти дека автобусите влегле во енклавата по полноќ за да ги превезат борците на ИД и нивните семејства.

Според Ројтерс, автобусите се упатиле во правец на провинцијата Бадија во Сирија, подрачје со мал број на жители , кое се наоѓа источно од престолнината Дамаск.

притисни ентер