Новогодишен концерт на Македонската опера и балет

Македонската опера и балет вечер од 20 часот ќе одржи новогодишен концерт насловен „Руска бајка“ на кој ќе бидат изведени дела од познатите руски композитори Прокофјев, Чајковски, Шостакович, Рахмањинов, Фомин, Герман, Пендерецки, Ларионов и Римски-Корсаков.
Ќе учествуваат и балетскиот ансамбл и оркестарот на Македонската опера и балет, кој ќе го води диригентот Иван Еминовиќ. Режисер на концертот е Трајко Јордановски, а кореограф Саша Евтимова.

Гостинка на концертот е украинската сопранистка Тамара Калинкина, која ќе настапи со баритонот Борис Трајанов и тенорот Дарко Нешовски, како и балетските солисти: Мими Поп Алексова-Атанасовска, Марија Кичевска Шокаровска, Ивана Коцевска, Бобан Квачевски, Дојчин Дочев од Бугарија, Игор Веланоски, Дафина Данилоска-Кочевска, Маја Митровска-Богојевска, Марина Анастасовска и Билјана Басмаџиева. 

Како ќе се реши проблемот со извозот на земјоделски производи на Косово?

Времената рамка на Косово за повисоки царини од 30% за овошје и зеленчук предизвика хаос во регионот.

Петти ден земјоделците немаат каде да ги извезуваат своите производи. Извозот од ден во ден е се помал. Им се закануваат огромни штети.

В среда во Белград ресорните министри на земјите од регионот на итен состанок ќе бараат лек за проблемот. Најавија и контра-мерки. Македонија веќе испрати и допис до ЦЕФТА  и ЕУ потенцирајќи дека мерката е неаргументирана.

Во меѓувреме српскиот министер за трговија Расим Љајиќ и порача на Приштина да се одлучи дали е или не е ЦЕФТА потписничка.

Косовската времена мерка ќе трае три месеци. Со неа, за 30% се зголемуваат царините за увезеното овошје и зеленчук. Опфаќа 21 сорта од земјоделските производи и важи за сите држави кои увезуваат во Косово.

Најпогодени, според министерството за земјоделство, се доматите, пиперките и сливите.

Иран: Најмалку 25 лица повредени во земјотресот

Најмалку 25 лица се повредени во земјотресот со јачина од 5,9 степени по Рихтер, кој денеска го погоди западен Иран, неколку часа откако два земјотреси ја потресоа јужната провинција Хормозган.

Гувернерот на западната провинција Керманшах, Хусанг Базванд, изјави дека 25 лица се повредени и дека, за среќа, нема информации за мртви.

Претходно денеска, јужниот дел на Иран беше погоден од земјотреси со јачина од 4,7 степени и 5,7 степени според Рихтеровата скала.

Во тие потреси немаше повредени, а предизвикана е помала материјална штета.

притисни ентер