Новинари и тур-оператори од неколку земји во посета на Охрид

Новинари, претставници на туристички агенции и тур-оператори од повеќе европски земји од денеска до 5 април ќе престојуваат во Охрид, како дел од промотивната тура за презентација на туристичките потенцијали што ја организира Секторот за туризам и локален економски развој при општина Охрид.
На промо-турата, што се одржува втора година по ред, ќе учествуваат новинари од Турција, Русија, Словенија и Србија, како и претставници на туроператори, туристички агенции и туристички работници од Израел, Унгарија, Украина, Австрија, Бугарија и Србија. Дел од посетата ќе бидат и претставници од турската авио-компанија „Јетлифе“.

Учесниците на промо-турата е предвидено да ги посетат сите знаменитости на градот и околината, охридските хотелски капацитети и да остварат средби со нивните менаџменти.

- Целта е Охрид и неговиот туристички потенцијал да биде промовиран во нивните медиуми, но и да се отвори можност за склучување на директни договори за нови туристички пакети и отворање нови авио линии до Охрид. Со организацијата на овој настан, локалната власт става акцент на новиот пристап на промовирање на туристичкиот потенцијал на градот“, велат од општинскиот Сектор за туризам и локален економски развој.

Оттаму информираат дека во тек е и подготовка на нови идејни решенија за туристичко лого и слоган за Охрид, што во иднина би се употребувале во сите промотивни кампањи. 


Над 500 деца мигранти вратени на семејствата

Американското министерство за здравство соопшти дека 522 деца им се вратени на семејствата.

Сепак , над 2 000 деца без документи и натаму се одвоени од родителите во рамките на политикатаз а ригорозни мерки против илегалните мигранти . Претседателот Трамп одненадеж во средата го потпиша указот со кој се прекинува ваквата практика.

Систематското разделување на децата од родителите кои илегално ја минале границата меѓу Мексико и САД предизвика негодување не само во Америка , туку и во светот.

Ердоган на прагот на сигурна победа

На речиси една петина од изброените гласови , Реџеп Таип Ердоган има освоени скоро 60 проценти.

Според првичните резултати од изборите , кои се одржаа во Турција , актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган засега убедливо води со 59,99 проценти од гласовите на една петина од преброените ливчиња.

Неговиот главен противкандидат , Мухарем Инче освоил 25,8 проценти .Гласачките кутии беа затворени во 17 часот по локално време и се очекува вечерва да бидат познати резултатите од предвремените претседателски и парламентарни избори .

Аналитичарите предвидуваат победа на Ердоган со околу 45 до 55 проценти од гласовите.

Се удави Полски наутичар во Јадранското Море

Хрватските поморски власти попладнево го најдоа телото на полскиот наутичар , исчезнат во близина на Риека.

Во 7 часот утрово било пријавено дека е исчезнат Полски наутичар од едрилицата ,,Левант “ , на која имало уште десетмина туристи од Полска. По интензивна потрага телото на 67 годишниот наутичар било најдено во близина на островот Угљен . Го здогледал рибар од чамец и пријавил во спасувачката служба.

Членовите на едрилицата биле задржани во полицијата во Ријека на распит.

Истрагата ќе покаже како и зошто телото на искусниот наутичар се нашло во море.

притисни ентер