Што мислат славните личности од Шкотска за независноста?

Во екот на кампањата во пресрет на референдумот за независност на Шкотска, некои од славните личности на оваа земја се поделија на два табора. Па така на страната за сецесија застана актерот Шон Конери, додека авторката на романите за Хари Потер, Џоан К. Ролинг се определи за останување во Обединетото Кралство

Конери, кој се прослави со улогите во Џејмс Бонд, веќе одамна се декларираше како шкотски националист а во почетокот на оваа година ја поддржа кампањата за независност. Од друга страна пак, Ролинг нагласи дека независноста би била “голема историска грешка“ и донираше милион фунти за кампањата за останување во унијата, пренесува AP.

Конери и Ролинг се меѓу бројните славни шкотланѓани, кои веќе одамна го јавно се изјаснија во врска со независност.

Меѓу приврзаниците за независност на Шкотска се и актерот Џералд Батлер, членовите на групата Франц Фердинанд и авторот на романот “Трејнспотинг“ Ирвин Велш, кој во една анегдота изјави дека Унијата е начин да се спречи Шкотска да владее со светот.

Некои пак други славни личности сметаат, дека за Шкотска би било подобро да остане во Обединетото Кралство.

Пејачката Сузан Бојл најави дека ќе гласа против отцепувањето, бидејќи ја смета Шкотска за дел од славниот идентитет на Британија.

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, изјави дека сонародниците кои како него живеат во Англија, истата не ја чувствуваат за туѓа земја. Ние сме дел од една фамилија наречена Обединетото Кралство - изјави Ферги.

Сепак има и такви кои јавно не се изјаснија за независност. Такви се тенисерот Енди Мареј, авторот Иан Ранкин и актерот Џејмс Мекавој.

Oдбележување на 28 април – Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Во организација на МТСП и Меѓународната организација на труд со конференција на тема: „Климатските промени и безбедноста и здравјето при работа„ го одбележавме 28 април – Светскиот ден на безбедност и здравје при работа.

Сведоци сме на очигледни глобални климатски промени кои се случуваат насекаде на планетата. Резултат на тоа се сè почестите временски и климатски екстремни појави – изразито силни и чести топлотни бранови, силни врнежи, шумски пожари, поизразени сушни периоди итн. Никако не смее да се занемари фактот дека ваквите појави сериозно влијаат врз безбедноста и здравјето на работниците, кои честопати се и првите кои се изложени на овие опасности и тоа обично со изложеност која е подолготрајна и поинтензивна отколку на општата популација.

На одбележувањето на 28 април- Светскиот ден на безбедност и здравје при работа, министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски потенцирајќи го значењето на безбедноста и здравјето при работа, рече дека добар дел од несреќите при работа и појавата на професионални болести и заболувања кај работниците, можеле да бидат превенирани и спречени, но се токму последица на недоволното и несоодветното преземање на превентивни и заштитни мерки, неопходни да го заштитат здравјето и животот на работниците на работното место.

Во овој дел, тој се осврна на анализите и проценките на Меѓународната организација на трудот објавени пред извесно време.

„Проценки кои даваат една навистина застрашувачка слика, според која секоја година повеќе од 2,3 милиони работници ширум светот умираат од несреќи или заболувања кои се поврзани со работата и работното место, а дополнителни 340 милиони работници се повредуваат во различни несреќи при работа’, рече Велковски и додаде дека овие повреди и несреќи при работа, за жал се случуваат и во нашата држава.

Според податоците од Државниот инспекторат за труд, во текот на минатата - 2023 година се случиле околу 2,250 посериозни повреди при работа, од кои 17 завршиле трагично, со смртни последици по вработените.

„И токму затоа, спречувањето на ваквите ситуации, намалувањето на можностите за појава и настанување на несреќи при работа, намалувањето на ризиците на работното место, спречувањето или намалувањето на влијанието на различни опасности со кои се соочуваат или доаѓаат во допир работниците при нивната работа, ... сето ова е нешто на што сите мораме заеднички и координирано да работиме, уште поинтензивно отколку досега”, потенцираше министерот Велковски.

Секоја година при одбележувањето на Светскиот ден за БЗР, во фокусот на дискусиите е одредена актуелна тема од областа на безбедноста и здравјето при работа. Така е и оваа година. Одбележувањето е тематски посветено на „Влијанието на климатските промени врз безбедноста и здравјето при работа“.

Министерот Велковски на оваа тема акцентираше дека: „Мораме да сме свесни дека промовирањето и почитувањето на основниот принцип и право на работа во безбедна и здрава работна средина, исто така помеѓу другото, значи и соодветно справување со опасните влијанија од климатските промени на работното место”.

На конференцијата, воведни обраќања, покрај министерот Велковски имаа и Владанка Трајковска, Претседателка на ОРМ, Слободан Трендафилов, Претседател на ССМ и Националниот координатор на МОТ, Емил Крстановски.

На темата: „Климатските промени и безбедноста и здравјето при работа”, говореа Горјан Јовановски, софтверски инженер и еко-активист, основач на AirCare и EarthCare.ai, проф. д-р Драган Мијакоски од Институтот за медицина на трудот и Билјана Ставреска, стручно лице за безбедност при работа од Институт за техничко испитување и безбедносен инженеринг ИТИ – Скопје.

Министерство за труд и социјална политика

Пожар во руска рафинерија

Пожар во руска рафинерија: „Краток спој“ или украински дронови? 

Неколку вагони со нафта се запалија во четвртокот во близина на нафтена рафинерија во Омск, југозападна Русија.

Во близина на Транссибирската железничка линија изгореа локомотива и три вагони со речиси 90 тони нафта. Снимките покажуваат огромен пламен и остар црн чад што се издига над железничката станица.

Огромен пожар на железничката станица Комбинатска зафати околу 10.750 метри квадратни, додека 58 пожарникари неколку часа се бореа да го локализираат.

Притвор од 30 дена за жител на Непроштено за разбојништво и поседување автоматска пушка

Прифатен е предлогот на jавниот обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд во Тетово за определување мерка притвор во траење од 30 дена за 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка.

Како што информира денеска Јавното обвинителство, jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено. Осомничениот на 24 април 2024 година маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка, која на граѓаните им е забранета им се заканил на вработениот во обезбедувањето и на уште едно присутно лице. Ја репетирал автоматската пушка и им наредил на оштетените да легнат на подот, по што од фиоките на касите одзел 329.780 денари.

На овој начин, како што се наведува, осомничениот сторил кривични дела „Разбојништво“ и „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Мерката притвор е определена за осомничениот поради тоа што постои опасност од бегство, можност тој да влијае врз сведоците и да го повтори делото.

притисни ентер