Рударскиот сектор и годинава ќе остане профитабилен

Цената на металите се очекува годинава да остане стабилна, што дава надеж дека рударскиот сектор ќе остане профитабилен. Од рударската асоцијација велат дека досега се доделени концесии за над 400 локации за разни видови истражувања.

Рударскиот сектор и годинава ќе остане во зоната на профитабилноста. На светските берзи се очекува задржување на цената на металите што дава надеж дека оваа индустрија ќе биде стабилна како и претходната година, велат од рударската асоцијација.

Во првиот квартал од годинава е забележан пад од минималани 0,5% наспроти ланското зголемување од 3,4 %, но таквиот тренд рударите велат дека е очекуван во овој дел од годината. Кај вадењето руда и камен има зголемување од 21 % како резултат на зголемените инвестициски вложувања во земјата.


До сега доделени се над концесии за над 400 локации за разни видови истражувања. Бројот на рударските претпријатија е намален на нивото од пред три години како резултат на големите инвестиции потребни за вложување во експлоатација на руда која е на прагот на профитабилноста. Дополнително велат од рударската асоцијација сега ќе влијае и новиот трошок од 7% за пренос на концесијата.

Сајкоски: Да донесеме уште поголема победа на 8 мај за просперитетна влада на ВМРО-ДПМНЕ

Да донесеме уште поголема победа на 8 мај за просперитетна влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе ја носи Македонија напред.

Денес продолжуваме со активностите тука во Охрид, вчера поминавме прекрасни митинзи со огромна поддршка од граѓаните. Останаа уште неколку денови.

Ве повикуваме, приклучете се да донесеме уште поголема победа во вториот круг.

Сакам да ја изразам мојата благодарност и горд сум на тоа што го направивме во првиот круг, што ја дадовте вашата огромна поддршка за нашиот кандидат за претседател Гордана Силјановска Давкова.

Сакам да ве повикам и во вториот круг референдумски да излеземе за да можеме да ја реализираме Платформа 1198, за да може да реализираме многу проекти за регионов и нашава држава, да донесеме подобар економски развој и раст, да донесеме подобро образование и здравство, да донесеме подобар живот за сите. Затоа на 8 мај излезете сите да се активираме да кажеме НЕ за ова што се случуваше досега и да дадеме шанса за просперитетна влада која ќе ја носи Македонија напред.

Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Хаос пред градското собрание во Тирана, фрлани молотови коктели врз објектот

Молотови коктели и други запаливи средства врз објектот на градското собрание во Тирана,  фрлаа учесниците на протестот организиран од опозициските демократи-приврзаници на Сали Бериша.

Поради сериозноста на состојбата зголемено е присуството на полициските трпи, кои на учеснците во протестот не им дозволија насилно да влезат во објектот а во гаснењето на пожарот учествуваше противпожарна единица.

Ова е четврти по ред протест на „Иницијативата за обнова на ДП“, поддржан и од Партијата на слободата на Илир Мета, како и Алијансата за заштита на театарот, на кои се бара оставка на градоначалникот Ерион Велиај.

Барањето за негова оставка се бара по откривањето на скандалот за злоупотреба на државни средства, за што, по налог на Специјалнорто обвинтелство против организиран криминал и корупција, СПАК, се уапсени десеттина високи раководители во општината, блиски соработници на Велиај.

-Правдата ќе биде задоволена, бидејќи граѓаните се на нозе! Никогаш нема да отстапиме од нашата борба, порачаа дел од оние кои се обратија до сега на протестот.

Организаторите бараат од полицијата да им се дозволи протестот да продолжи до 20 часот.

Крводарителска акција во Уставниот суд по повод 60 години од своето постоење

Под мотото „Биди хуман - спаси живот” Уставниот суд организира крводарителска акција што ќе се одржи на 30 април, во периодот од 9 до 14 часот, во просториите на Судот. 

-Акцијата за дарување на крв се реализира во соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија, на иницијатива на Уставниот суд, по повод 60 години од своето постоење. Организирањето на оваа хумана активност е иницијатива на вработените од Судот и досега се пријавени околу 30 дарители од Уставниот суд, соопштија од Судот.

Преку оваа крводарителска акција Уставниот суд, како што е наведено во соопштението, изразува солидарност и хуманост и истовремено се придружува на апелите на Црвен крст за подигнување на свеста за донирањето на крв и мотивирање на поголем број на луѓе за доброволно дарување.

притисни ентер