Регионална конференција на синдикатите за сообраќај

Во Скопје денеска продолжува регионалната конференција на синдикатите за сообраќај, на тема „Развој на синдикални стратегии како одговор на постојните предизвици во транспортот и врските“.

На конференцијата учествуваат претставници на синдикатите од сообраќајот на Србија, Бугарија, Хрватска, Романија, Словенија, Босна и Херцеговина и на Црна Гора.

Ресорните синдикатите од земјите-учеснички вчера основаа форум преку кој најавија заеднички иницијативи и проекти како одговор на актуелните состојби и проблеми во транспортната инфраструктура. Активностите на форумот, како што беше најавено, ќе бидат насочени кон актуелниот Коридор 8 со најавеното железничко поврзување на Македонија и Бугарија.
притисни ентер