Словенечкиот претседател Борут Пахор во посета на Македонија

Претседателот на Република Словенија Борут Пахор утре и задутре ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.
Предвидено е Пахор утре да има средба со својот домаќин, македонскиот претседател Ѓорге Иванов, а во среда да ја посета хидорецентралата Света Петка, и да положи цвеќе пред споменикот на паднатите борци за Македонија.

Пахор во Скопје ќе се сретне и со претставници на словенечки компании, како и со Словенците кои работат и живеат во Македонија, а ќе одржи и кратка презентација за Европското првенство во кошарка што од 4 до 22 септември ќе се одржи во Словенија./МИА

Над 500 деца мигранти вратени на семејствата

Американското министерство за здравство соопшти дека 522 деца им се вратени на семејствата.

Сепак , над 2 000 деца без документи и натаму се одвоени од родителите во рамките на политикатаз а ригорозни мерки против илегалните мигранти . Претседателот Трамп одненадеж во средата го потпиша указот со кој се прекинува ваквата практика.

Систематското разделување на децата од родителите кои илегално ја минале границата меѓу Мексико и САД предизвика негодување не само во Америка , туку и во светот.

Ердоган на прагот на сигурна победа

На речиси една петина од изброените гласови , Реџеп Таип Ердоган има освоени скоро 60 проценти.

Според првичните резултати од изборите , кои се одржаа во Турција , актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган засега убедливо води со 59,99 проценти од гласовите на една петина од преброените ливчиња.

Неговиот главен противкандидат , Мухарем Инче освоил 25,8 проценти .Гласачките кутии беа затворени во 17 часот по локално време и се очекува вечерва да бидат познати резултатите од предвремените претседателски и парламентарни избори .

Аналитичарите предвидуваат победа на Ердоган со околу 45 до 55 проценти од гласовите.

Се удави Полски наутичар во Јадранското Море

Хрватските поморски власти попладнево го најдоа телото на полскиот наутичар , исчезнат во близина на Риека.

Во 7 часот утрово било пријавено дека е исчезнат Полски наутичар од едрилицата ,,Левант “ , на која имало уште десетмина туристи од Полска. По интензивна потрага телото на 67 годишниот наутичар било најдено во близина на островот Угљен . Го здогледал рибар од чамец и пријавил во спасувачката служба.

Членовите на едрилицата биле задржани во полицијата во Ријека на распит.

Истрагата ќе покаже како и зошто телото на искусниот наутичар се нашло во море.

притисни ентер