Откриена тајната на „римскиот бетон“?

Формулата од пред 2.000 години се уште е подобра од кој и да е денешен материјал.

По повеќе од 2.000 години, меѓународен тим на научници ја откри тајната на една од најдолговечните човекови креации – римскиот бетон, пренесе „Јутарњи лист“.

Древните Римјани биле врвни инженери. Нивните патишта, аквадукти и храмови се уште се во добра состојба и покрај сите климатски и човечки фактори на кои им биле изложени во изминативе векови.

Една од таквите структури, која долго ги фасцинирала геолозите и инженерите е римското пристаниште. Во текот на изминатата деценија, тим истражувачи од Италија и од САД анализирал 11 пристаништа на Медитеранот кои биле создадени од римскиот бетон и кои и по околу 2.000 години, останале како недопрени од морските бранови.

Тајната е во единствената формула на минерали и на техниката на производството.

- Римјаните го правеле бетонот мешајќи ги вар и вулканските карпи. За подводни градби користеле вар и вулканска пепел. Материјалот спуштен во море веднаш предизвикувал силна хемиска реакција бидејќи во варот влегувала водата и реагирајќи со пепелта би ја зацврстила целата смеса – објаснил еден од членовите на тимот.

Шпанија ќе испрати мал број ракети „Патриот“ во Украина

 Шпанија ќе испрати мал број ракети „Патриот“ во Украина, објави денеска весникот „Ел Паис“, повикувајќи се на неименувани добро информирани извори.

Весникот наведува дека Шпанија ја отфрлила можноста за испорака на противвоздушни лансери на Украина, но ќе испрати проектили во Киев.

Шпанија има три системи „патриот“ кои ги купи од Германија во 2004 и 2014 година, потсетува весникот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им кажа на членките на НАТО претходно овој месец дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ или други напредни системи за воздушна одбрана за да ги одврати руските воздушни напади, барајќи од нив да ја засилат воената помош за Киев.

Министрите на ЕУ пред неколку дена изјавија дека разгледуваат како да обезбедат повеќе оружје за противвоздушната одбрана на Украина.

Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја. 

Потоа следува период на стабилно и топло време, а дневните температури ќе бидат повисоки за три до пет степени.

Како што соопшти УХМР, во следните три дена ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Минималните темпеартури ќе бидат во интервал од два до 12 степени, а максималните од 20 до 28 степени.

Четири европски авиокомпании ќе ја шират идејата за Европа пред евроизборите

Четири авиони на авиокомпании кои се дел од групацијата на „Луфтханза“ во наредните недели ќе ја шират европската идеја за со натпис на нивните трупови: „Да за Европа“. 

Станува збор за авиони од типот „Ербас А320“ на авикомпаниите „Луфтханза“, „Еуровингс“, „Аустриан Ерлајнс“ и „Брисел Ерлајнс“ кои ќе имаа задача да служат како амбасадори на европската идеја непосредно пред изборите за членови на Европарламентот.

Четирите авиони на 13 мај „ќе се сретнат“ на аеродромот во Брисел, симболично манифестирајќи го европското единство.

Инаку, ова не е првпат „Луфтханза“ да ја манифестира својата посветеност на Европа. Сличен поддршка на Европа „Луфтханза“ организираше и пред евроизборите во 2019 година.

притисни ентер