Магнет жена: Предметите се лепат по Зорица

Таа привлекува железни предмети, пластика, керамика, камен. Како да нема сила на гравитација, предметите на нејзините гради се лепат како магнети на фрижидер!

Зорица Јоциќ е од село во близина на Ниш. Својата енергијата ја открила кога гледала емисија за друго момче со слична способност. Си рекла - да проба и самата, застанала и приближила лажица над градите и таа веднаш „се залепила“ за неа.

На неа се лепат лажици, вилушки, пегли, метални но и керамички садови, далечински управувачи, телефони па дури и камења.

Зорица оваа способност ја поврзува со второто породување во 1984 односно со комата во која паднала по породувањето.

- Според некои теории оваа способност се поврзува со комата. Сите имме енергија - некој повеќе некој помалку, но кај некои луѓе кои биле во кома таа е посебно изразена. Јас чувствувам понекогаш огромна енергија која морам да ја испразнам - вели Зорица, пишува Ало.рс.

Нејзиниот сопруг не верувал но кога таа само со допир му ги „однела“ болките во главата и грбот - поверувал.

Павле Премовиќ, професор кој го проучува феноменот на привлекување на предмети, вели дека најзачудувачки е што кога мобилен телефон ќе се закачи на градите на Зорица тој светнува.

- Американски научник со кој соработувам смета дека луѓето кои преживуваат тешки болести лажат одредени хемиски супстанци кои привлекуваат. Може да е и биомагнетна енергија. Треба да се извршат испитувања - вели професорот./извор Ало.рс

Zorica Jocić

Шпанија ќе испрати мал број ракети „Патриот“ во Украина

 Шпанија ќе испрати мал број ракети „Патриот“ во Украина, објави денеска весникот „Ел Паис“, повикувајќи се на неименувани добро информирани извори.

Весникот наведува дека Шпанија ја отфрлила можноста за испорака на противвоздушни лансери на Украина, но ќе испрати проектили во Киев.

Шпанија има три системи „патриот“ кои ги купи од Германија во 2004 и 2014 година, потсетува весникот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им кажа на членките на НАТО претходно овој месец дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ или други напредни системи за воздушна одбрана за да ги одврати руските воздушни напади, барајќи од нив да ја засилат воената помош за Киев.

Министрите на ЕУ пред неколку дена изјавија дека разгледуваат како да обезбедат повеќе оружје за противвоздушната одбрана на Украина.

Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја. 

Потоа следува период на стабилно и топло време, а дневните температури ќе бидат повисоки за три до пет степени.

Како што соопшти УХМР, во следните три дена ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Минималните темпеартури ќе бидат во интервал од два до 12 степени, а максималните од 20 до 28 степени.

Четири европски авиокомпании ќе ја шират идејата за Европа пред евроизборите

Четири авиони на авиокомпании кои се дел од групацијата на „Луфтханза“ во наредните недели ќе ја шират европската идеја за со натпис на нивните трупови: „Да за Европа“. 

Станува збор за авиони од типот „Ербас А320“ на авикомпаниите „Луфтханза“, „Еуровингс“, „Аустриан Ерлајнс“ и „Брисел Ерлајнс“ кои ќе имаа задача да служат како амбасадори на европската идеја непосредно пред изборите за членови на Европарламентот.

Четирите авиони на 13 мај „ќе се сретнат“ на аеродромот во Брисел, симболично манифестирајќи го европското единство.

Инаку, ова не е првпат „Луфтханза“ да ја манифестира својата посветеност на Европа. Сличен поддршка на Европа „Луфтханза“ организираше и пред евроизборите во 2019 година.

притисни ентер