МИА и ИТАР-ТАСС потпишаа договор за соработка

Директорите на МИА и на ИТАР-ТАСС, Љупчо Јакимоски и Сергеј Михајлов, денеска во Сочи потпишаа договор за соработка меѓу националните новински агенции на Македонија и на Русија.
Договорот, потпишан во рамките на шестото Генералното собрание на Црноморската асоцијација на новински агенции - БСАННА, предвидува размена на вести и други прес материјали, пренесување искуства, како и обука на новинари.

Преку соработката со ИТАР-ТАСС, МИА ќе им овозможи на своите корисници директен линк до случувањата во Русија, но и подобро информирање на руската јавност за настаните во Македонија.

Руската ИТАР-ТАСС е една од најголемите агенции во светот со историја долга 110 години, со развиена дописничка мрежа и целосна глобална покриеност.

ИТАР-ТАСС денеска во Сочи, градот домаќин на Зимските олимписки игри во 2014 година, го презеде и претседавањето со Црноморската асоцијација на национални новински агенции - БСАННА, чиј полноправен член е и МИА.

На шестото Генерално собрание на БСАННА во Сочи, меѓу другото, е договорена поинтензивна соработка меѓу агенциите членки, а е иницирано и воспоставување новинарски награди, фото конкурси, меѓусебна техничка поддршка и размена на искуства. Следен домаќин на Генералното собрание на БСАННА, што се одржува еднаш годишно, ќе биде ерменската национална новинска агенција Арменпрес.

БСАННА е формирана во 2006 година и ги обединува националните новински агенции од регионот на Црното Море и ЈИЕ. Целта на оваа еснафска асоцијација е промоција на пријателство и добрососедски односи, зацврстување на соработката меѓу агенциите во регионот. Членки на БСАННА, покрај МИА и ИТАР-ТАСС, се и турската Анадолија, бугарската БТА, грчката АНА-МПА, романската АГЕРПРЕС, албанската АТА, молдавската Молдпрес, српската Танјуг, хрватската ХИНА, азербејџанската АЗЕРТАЏ, грузиската ГХН, ерменската Арменпрес и украинската новинска агенција УКРИНФОРМ.

Во Абиџан запленети 200 тони фалсификувани лекови

Властите на Брегот на Слоновата коска соопштиле дека во текот на неделата заплениле рекордни 200 тони фалсификувани лекови и привеле четири лица.

Лековите, фалсификувани и со погрешно наведени дози се наоѓале во една двокатна куќа.

„Имаше 200 тони. Четири лица се приведени, од кои еден е кинески државјанин“, велат од полицијата.

„Во сите простории на куќата имаше лекови“, додаваат тие наведувајќи дека некои од кутиите биле и со кинески натписи.

Светската здравствена организација наведува дека во Африка годишно умираат околу 100.000 луѓе заради употреба на фалсификувани лекови.

СРАМНО: Екс новинарот „блуе“ говор на омраза и закани, и никој во Македонија не се потресува!

Екс новинарот кој веќе подолг период користи тешки форми на говор на и од омраза, се надмина себе си во еден во своите последни FB коментари !

Бранко Тричковски врши сериозна алузија на убиство, при што сечењето на цреша во дворот на актерката Моника Белучи ( дрво кое може да е биде фиктивно ) го споредува со сечење на главата на прославениот македонски режисер Владе Милчин.

Страшно и загрижувачки е што Јавното Обвинителство изгледа не ни помислува да реагира на вакви бестијални изрази на говор на омраза, каков што е и примерот на кривичната пријава токму за серијал на говор на и од омраза на едно лице познато како Саше Ивановски а поднесена од Канал 5 ТВ!

Треба ли да бидеме сведоци на „реализација“ на тие сериозни облици на говор на и од омраза на разни Бранковци и Сашевци, па дури тогаш тимот на Јовески да го придвижи својот обвинителски „мастодонт“?

Како е можно тимот на тој истиот Јовески да биде брз и ефикасен кога стануваше збор за исто така оправдани тужби за говор на омраза за актерот Тони Михајловски од ВМРО-ДПМНЕ или пак екс спортскиот водител, Миленко Неделковски?

Дали ОЈО повторно ќе ги отфрли пријавите и т.н. допрен глас, на многу наши сограѓани против овој лик Бранко Тричковски,како што направија лани во Декември, или пак ОЈО реагира само на видео материјали објавени во странски медиуми?

Вучиќ на Твитер: Благодарност до лекарите, од понеделник ќе бидам во полн работен погон

Здравстената состојба на српскиот претседател Александар Вучиќ е стабилна, и тој како што порача на Твитер од понеделник  веќе ќе биде во полн работен погон. 

Вучиќ им се заблагодари и на вработените на Воено медицинската академија во Белград каде вчера беше хоститализиран поради кардиоваскуларни проблеми.

притисни ентер