Почнуваат 16. Денови на образование и кариера

Од денеска до 12 април во втората хала на Скопски саем ќе се одржуваат 16. Денови на образование и кариера, на кои своите програми за додипломски и постдипломски студии ќе ги претстават над 170 факултети од 40-ина државни и приватни униврезитети од Македонија и од странство.

На простор од 2.000 метри квадратни ќе има 19 домашни изложувачи и 22 странски од 15 земји (Грција, Србија, Албанија, Унгарија, Романија, Словачка, Чешка, Италија, Словенија, Бугарија, Турција, Хрватска, САД, Германија, Велика Британија).

Целта на оваа манифестација е на едно место да ги собере сите високобразовни институции, домашни и странски, кои на младите луѓе ќе им ги понудат своите образовни програми преку директен контакт, со што ќе им помогнат тие професионално да се ориентираат.

Странски универзитети за време на саемот ќе доделат 19 целосни стипендии за додипломски и постдипломски студии, во вкупна вредност од 280.000 евра, според однапред утврдени критериуми. Американскиот колеџ од Солун во трите дена ќе тестира кандидати за доделување пет целосни стипендии - две за додипломски и три за постдипломски за МБА програмата. Нив ќе ги добијат кандидатите со најдобри резултати на тестирањето што ќе се одржува во Управната зграда на Скопски саем.

Перотис (Perrotis) од Солун ќе додели десет целосни стипендии за најуспешните што ќе аплицираат за време на саемот, како и елитната институција Халт интернешенл бизнис скул (Hult International Bussiness School) која ќе додели пет стипендии за сите нивоа. За повеќе информации за стипендиите и за пријавување за тестирањата заинтересираните треба да ги посетат штандовите на овие институции или нивните веб-страници.

Партнер на Деновите на образование и кариера годинава е индиската образовна компанија „СЕЛ глобал“ која планира неколку инвестиции во образованието во Македонија - меѓународна градинка во Тафталиџе, меѓународно средно училиште со интернат, институција за обука за наставници според меѓународно призната програма и изградба на студентски кампус во Велес.

Саемот за образование свечено ќе биде отворен во 11 часот, во присуство на министерот за образование и наука Панче Кралев. Работното време во трите саемски дена е од 10 до 20 часот. Влезницата е 30 денари, а 20 за организирана посета.

Атлетико сака да ја продолжи соработката со Витсел

Фудбалерот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Аксел Витсел би можел да остане во клубот и следната сезона, објави денеска новинарот Фабрицио Романо, кој е добар познавач на трансфер пазарот.

Според изворот, раководството на Атлетико сака да го продолжи договорот со 35-годишниот Белгиец до лето 2025 година.

Оваа сезона Витсел одигра 46 натпревари, на кои постигна два гола.

Витсел во мај лани крај на настапите за репрезентацијата на Белгија за која дебитираше во 2008 година и со 130 натпревари е втор на вечната листа зад Јан Фертојген (147 настапи).

Атлетико Мадрид е четвртопласиран на табелата во Ла Лига на шест кола до крајот на сезоната. /МИА

Видео: Пожар зад Универзална сала, интервенираат пожарникарите и Итната помош

Пожар избувна во куќа на улицата „Костурски херои“, зад Универзалната сала во Скопје.

Како што објавуваат повеќе медиуми, на терен се присутни две противпожарни возила и две цистерни на противпожарната бригада и едно возило на Итната помош.

На социјалната мрежа „X“ се појавија и видео снимки од настанот.

Се уште не е познато дали има повредени.

Во тек е интервенција на екипите.

На Клиниката за токсикологија пукнала цевка од парно,се е вратено во функција

На Клиниката за токсикологија пукнала цевка од парно, од МЗ за МИА велат нема штета, се е вратено во функција.

На Клиниката за токсикологија во Скопје ноќеска пукнала цевка од парно поради што биле поплавени простории на третиот кат, тврдат вработени на Клиниката.

Според нив, повеќе од два часа биле поплавени просториите, а проблем е тоа што Клиниката не е осигурена.

МИА се обиде да стапи во контакт со медицинскиот директор на Токсикологија, но, досега нема одговор.

Од Министерството за здравство за МИА потврдија дека ноќеска имало пукнала цевка од парно и дека проблемот е веднаш саниран.

- Нема штета, се е повторно вратено во функција, велат од Министерството за здравство за МИА.

Во понедлникот лекари од Клиниката алармираат дека има проблеми на Клиниката и дека главен проблем со којшто во моментот се соочува Клиниката е доекипирањето на лабораторијата. Посочија дека било барано да се вработат двајца лаборанти и еден болничар, за да може да се функционира. Истакнаа дека се соочуваат со отпор и несоработка од страна на новоназначената организациска директорка која инсистирала да бидат примени сите 18 лица кои претходно биле примени со договор на дело, а на кои им истекол договорот. Меѓу нив, како што посочија лекарите во понеделникот, е и боилничар кој вршел притисок кај лаборант да замени урина во која имало наркотици со чиста урина. Ставот на лекарскиот колегиум, е дека немаме потреба од толкав број нови вработувања.

Министерот за здравство Илир Демири најави дека ќе го разреши медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, Данил Петровски, а во врска со работењето на економската директорка рече дека нема констатирано ниту едно прекршување на право.

притисни ентер