ВМРО-ДПМНЕ: Китев заборавил на штетата која Црвенковски и СДСМ му ја нанесоа на Кавадарци

ВМРО-ДПМНЕ смета дека кандидатот на СДСМ за градоначалник на Кавадарци Бетијан Китев заборавил на штетата која Бранко Црвенковски и СДСМ му ја нанесоа на Кавадарци додека беа на власт. Во време на СДСМ, како што се наведува, во Кавадарци беа затворени најголемите фабрики како што се Тиквеш Транс, фабриката за преработка на дрво и иверка Страшо Пинџур, ликвидација на фабриката Таска, фабриката Дафинка, фабриките МИК и Мепос и многу други, а земјоделците не добиваа ниту денар субвенции.

 

- Ова беше штетата која најдобро ја почувствуваа граѓаните на Кавадарци, а која директно влијаеше на младите поколенија за кои повеќе немаше никаква иднина во Кавадарци. ВМРО-ДПМНЕ за потребите на земјоделците од Кавадарци додели субвенции како никогаш досега во историјата на Република Македонија и активно помага во отварање на нови откупни центри за грозјето. Исто така во Кавадарци почна со работа гигантот Дрекслер Мајер, фабрика за производство на автомобилски делови која планира да вработи вкупно 4.000 луѓе, стои во соопштението.

Истовремено,  како што се истакнува, оваа инвестиција отвора нова надеж за младите поколенија на кои ќе им овозможи работно место во својот роден град. Денес партиципацијата за високообразовните институции благодарение на ВМРО-ДПМНЕ изнесува од 200 до 400 евра, што е драстично намалена за разлика кога СДСМ беше на власт. Се отворија и дисперзирани студии на повеќето факултети кои им овозможуваат на младите да студираат во сопствениот град.

ВМРО-ДПМНЕ одсекогаш се насочувало кон подобра едукација на младите, нивно правилно развивање и создавање на услови за нивно вработување, така ќе продолжиме и понатаму бидејќи свесни сме дека младите се иднината на оваа земја, стои во соопштението од партијата.

Лидерите од целиот свет на крунисувањето на јапонскиот цар

На утрешната церемонија на крунисување на јапонскиот цар Нарухито ќе присуствуваат претседатели , премиери , лидери и благородници од над 170 земји од светот.

Јапонскиот император Нарухито утре ќе биде официјално крунисан на традиционална церемонија , стара со векови, на која ќе присуствуваат околу 2.600 луѓе, вклучувајќи владетели и шефови на држави и влади од повеќе од 170 земји.

Царот Нарухито (59) го превзеде престолот на 1 мај од неговиот татко Акихито, кој со тоа стана прв јапонски монарх кој се повлече од тронот во последните два века.

Жбогар : Вие испорачавте, за жал ние повторно одложивме – потребна реформа на начин на носење одлуки во ЕУ

,,Испорачавте се што беше побарано од вас, го исполнивте вашиот дел. Но во Европската Унија одлуките за овие прашања се носат едногласно, а за жал ние повторно го одложивме ова прашање. 

,,Го разбираме разочарувањето на граѓаните и на политичарите од одлуката на Европскиот Совет во Брисел, но остануваме посветени на Северна Македонија и на регионот.

Ова во интервју за МИА го вели евроамбасадорот во земјава Самуел Жбогар, признавајќи оти треба да се извршат реформи и во самиот процес на носење одлуки внатре во самата ЕУ.

Подвлекува дека проширувањето на ЕУ кон регионот останува нивен стратешки приоритет, и тоа не е променето.

На прашањето дали во мај на Самитот во Загреб очекува земјава да добие датум, вели дека сега ЕУ треба да се воздржи од ветувања.

-Треба да се воздржиме од ветувања, бидејќи ветивме во јуни лани и во јуни 2019 и сега во октомври и сега е најдобро да се воздржиме од давање ветувања за датуми, но затоа треба да се фокусираме на правењето на вистинските промени, порача Жбогар.

Во однос на тоа дали ќе се засили руското политичко и кинеското економско влијание во регионот по француското „не" за Северна Македонија, Жбогар за МИА вели дека во ЕУ немаат ништо против земјите да имаат добри односи со други земји.

– Не сме против земјите да имаат добри односи со Руската Федерација, како и економски односи со Кина. Тоа е до самите земји да проценат какви придобивки добиваат со тоа. Убедени сме, а и добивме потврда синоќа од лидерите на сите политички партии, дека тие ја гледаат иднината на земјата во ЕУ и дека ќе сторат се за да го забрзаат процесот, потенцира Жбогар во интервјуто за МИА..

Варвициотис: Исходот од Самитот на ЕУ не е пријатна разврска за Грција

Разврската од Самитот на ЕУ не е пријатна за Грција и не оди во корист на стабилноста во регионот, изјави грчкиот алтернативен министер за надворешни работи Милтиадис Варвициотис.

– Сигурно е дека тоа не е пријатна разврска за нас. Тоа е разврска што не е во корист на стабилноста во регионот. Но, би ви рекол и дека немаше да биде во корист на стабилноста на регионот и одлука што ќе велеше „да" за Скопје, „не" за Тирана, бидејќи во суштина ќе го радикализираше албанскиот елемент кој има многу големо влијание како во Скопје, така и во Косово, вели Варвициотис, додавајќи дека ставот на многумина, а меѓу нив и на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, бил дека „не е во корист на стабилноста на регионот разделување на двата случаи".

Како што jави дописничката на МИА од Атина, Варвициотис, објасни дека и шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас и премиерот Мицотакис, но и тој лично, минатата седмица на состаноците на ЕУ, излегле со став дека првпат во историјата постои можност „на север да се граничиме со земји кои полека го добиваат статусот член на Европската Унија".

Во однос на ЕУ перспективата на земјава, тој вели дека таа „не била поништена, туку само одложена".

– Вистина е дека скопската страна беше многу притисната. Заев сите денови на самитот се закануваше дека ако не помине договорот ќе поднесе оставка, за што никој од Европа не му кажа дека би било многу мудро да го стори, бидејќи со одлуката не се поништи нивниот европски тек, туку се одложи за следниот самит што ќе се одржи на балкански терен, во Хрватска, во Загреб и вниманието особено ќе биде насочено на она што се случува на Балканот, рече Варвициотис.

Во интервјуто за грчкото радио тој уште еднаш повтори дека Грција „притиска за спроведување" на Договорот од Преспа, нагласувајќи дека тоа прашање било една од темите на средбата што ја имаше со вицепремиерот Бујар Османи. /MИА

притисни ентер