Рибља Чорба ќе му пее на Путин?

Српската рок група доби понуда во јули да гостува во рускиот Волгоград, на мото собирот во чест на 70-годишнината на одбрана на Сталинград од Германците, каде се очекува и присуство на рускиот претседател.
Српските медиуми објаснуваат дека претседателот на Русија Владимир Путин е член на бајкерскиот клуб „Ноќните волци“ и дека поради тоа, негово присуство на овој собир е речиси извесно.
 
- Добивме понуда да учествуваме на манифестацијата, а одлука ќе донесеме на 14 март. Не контактираше извесен господин Александар, познат и како Хирург. Тој побара за тој мото собир да напишеме специјална песна во стило на нумерата „Србин је луд“. Манифестацијата што ќе се одржи во чест на 70-годишнината од одбраната на Сталинград ќе биде под мотото „Вистинските херои се заборавени“ – изјавил Бора Чорба за српскиот Телеграф.     
 

Редок син дијамант продаден за 10 милиони долари, очекувана била многу повисока цена

Најчистиот син дијамант од 7,03 карати, од приватна колекција е продаден на аукција во Женева за 10 милиони долари.

Очекуваната цена за овој дијамант изнесувала од 10 до 14 милиони долари. Меѓу другите предмети на аукцијата се наоѓале и прстен и обетки од познатиот француски изработувач на накит Жоел Артур Розентал. Прстенот се продал за 300.000 долари, што е двојно повеќе од очекуваното, пишува „Спутник“. А дијамантските обетки биле продадени за 723.000 долари.

Продаден е и брош со бурмански сафир со исклучителен квалитет од 43 карати за 2.1 милион а очекувани биле 3 милиони.

Фустанот во кој Мерлин му пееше роденденска песна на Кенеди е продаден за 4.8 милиони долари

Филмската икона Мерлин Монро била гола под познатиот фустан кој го носела додека му пеела „Среќен роденден, господине претседателе“ на Џон Кенеди.

По овој фамозен настап на Монро, почнуваат да се шират гласини за некаква поврзаност помеѓу нејзе и Кенеди.

Анегдота за Мерлин е открина во новата книга, а потекнува од колумистката Маурин Довд, која на писателите им рекла што некој нејзин пријател ведел на тој фамозен настап.

-Ми рече: Стоев веднаш зад Мерлин кога ја отпеа роденденската песна на претседателот и се случи чудна работа. Нејзиниот фустан се помести во моја корист и видов дека таа под неа е потполно гола, рекла Маурин.

А фустанот кој Мерлин го носела за време на овој настап е продаден на аукција во Лос Анџелес на неверојатни 4.8 милиони долари во 2016 година.

Видео: Додека чекала ред во пекара снимила нешто од што го изгубила апетитот

Последна работа која сакате да ја видите додека гладни чекате ред пред пекара се стаорци кои шетаат по храната.

Авторката на ова видео сигурно го изгубила апетитот.

Видео од глушец како шета по излогот на неименувана пекара е објавено на Фејсбук на страницата „Orange shark“ за потоа да биде споделено илјадници пати па други страници.

притисни ентер