ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот од СДС живеат во филм на лаги и ширење паника меѓу граѓаните, Владата прави сѐ да нема никакви ценовни шокови
САД полека се опоравуваат од силното невреме на Денот на благодарноста- метеоролозите со лоши прогнози (ВИДЕО)
1ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот од СДС живеат во филм на лаги и ширење паника меѓу граѓаните, Владата прави сѐ да нема никакви ценовни шокови
2САД полека се опоравуваат од силното невреме на Денот на благодарноста- метеоролозите со лоши прогнози (ВИДЕО)
3Николоски: Околу 1200 нови добро платени работни места се отвараат со забрзување на изградбата на автопатот Прилеп-Битола
3Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
Македонија30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 30-дневен притвор за Ива Михаилова определи кочанскиот суд по предлог на ОЈО Кочани, два дена откако таа побегна во Бугарија .30-дневен притвор за Ива Михаилова определи кочанскиот суд по предлог на ОЈО Кочани, два дена откако таа побегна во Бугарија иако против неа и натаму беа на сила мерки за претпазливост, а и беше одземена и патната исправа. Ова значи дека Михаилова веднаш откако ќе биде обезбедена ќе заврши во ефективен притвор, а во меѓувреме, за неа ќе биде распишана и меѓународна и централна птоерница. „Основниот суд Кочани, постапувајќи по службена должност, а по претходно добиено известување од ОВР Кочани, за кое веднаш го известил ОЈО Кочани, и определи мерка притвор од 30 дена на обвинетата Ива Михаилова, сметано од датумот и часот на лишување од слобода. Врз основа на решението, издадена е наредба до МВР ОВР Кочани, со барање, доколку истата се крие или е во бегство, да биде распишана меѓународна и централна потерница. Наредбата е доставена и примена од страна на ОВР Кочани.“ Од МВР пак ниту денеска нема одговор како Михаилова побегнала, ниту пак дали е во тек внатрешна истрага на МВР за евентуален пропуст на граничните службеници....Според поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓучевски, пак, полицијата во оваа фаза од постапката и не треба да открива детали од истрагата, но треба темелно да ги разгледа сите можни сценарија за бегството на Михаилова. – Еден од основите е поминување на границата со коруптивни елементи – коруптивните елементи значат дека некој полициски службеници кои биле на смена требало да евендтираат, да скенираат личен документ дали е патна исрапава и така натаму...Тоа се дејсвија кои биле должни да ги преземат. Вториот момент е со фалисфикувани документи – фалсификувана патна исправа, за што република бугарија е позната, по однос на издавање на фалсификувани патни документи, а тоа го имавме и ние во република македонија. За бегството на Ива Михаилова во Бугарија македонската јавност дозна опо нејзиното пристигнување во Бугарија – Таа и нејзиниот адвокат за тамошните медиуми изјавија дека легално ја поминале границата, а дека причина за заминувањето во Бугарија на Михаилова е нејзината влошена здравствена состојба состојба. Иако Михаилова тврди дека за излез од Македонија и за влез во Бугарија користела лична карта, официјално, МВР соопшти дека во системот за гранична контрола не е евидентирано дека ниту таа, ниту нејзиниот адвокат ја напуштиле земјава и влегле во Бугарија. Преку заедничкиот контакт-центар меѓу двете земји пак, било добиено известување дека ниту бугарската гранична полиција нема евидентиран легален влез на овие две лица. На Ива Михаилова, која има двојно државјанство, и македонско и бугарско, и се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со трагичен крај, а во која загина 33-годишниот Бесим Дурмиши, од скопското село Љуботен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
СудбинаНова жртва во снежното невреме во Виена: Седумгодишно дете е тешко повредено додека стоело на автобуска станица Седумгодишно момче е тешко повредено, а неговата мајка е полесно повредена кога лизгачка машина за чистење снег ги удрил во виенскиот округ Лисинг во четврток наутро, соопшти вчера австриската полиција.Несреќата се случила за време на обилни снежни врнежи додека мајката и синот стоеле на автобуска станица на Ендрештрасе во Виена, објави австрискиот весник „Кронен Цајтунг“. Несреќата се случила кога возачот на машината за чистење снег се обидел да се оддалечи од автобуската станица, но возилото се лизнало напред и ги удрило мајката и детето, кои биле заробени помеѓу машината за чистење снег и настрешницата на автобуската станица. Мајката се здобила со полесни повреди, вклучувајќи и исеченици, додека нејзиниот седумгодишен син е тешко повреден. На момчето му била укажана прва помош на местото на несреќата, а потоа било однесено во болница со службата за брза помош на Виена.Тагови: Виена Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот од СДС живеат во филм на лаги и ширење паника меѓу граѓаните, Владата прави сѐ да нема никакви ценовни шоковиВенко Филипче и талогот на СДС никако да престанат да живеат во филм чија основна содржина се лагите и ширењето паника.Ќе се обидеме, кратко да им ја објасниме ситуацијата во Македонија секако со желба да излезат во филмот во кој живеат. Прво, Македонија не е изолирана од регионот, Европа и светот, затоа глобалните движења се дел и од македонската реалност. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема мерки за намалување на цена на дериватите. Тука секако се грижи и ако е потребно согласно светските движења цените да може да бидат што пониски. И второ, ова се економските показатели во Македонија. Растот на БДП, поточно реалниот раст на бруто-домашниот производ изнесуваше 3,8% во 2024 и во 2025 година, а во вториот квартал од 2026 година достигна 4,3%. Инфлација во септември 2026 година беше 2,7%, а просечната во третиот квартал околу 2,5%. Еве податоци и за платите и пензиите. Во ноември 2026 година, просечната нето-плата се зголеми од 41.252 денари во мај 2024 на 49.141 денар во септември 2026 година, а просечната пензија од 21.209 денари на 28.935 денари. Реалната нето-плата во септември 2026 година пораснала за 5,2%. Дополнително, во следните две години треба да се вратат околу 5 милијарди евра стари долгови и камати. Оттука, се што зборува Филипче и талогот од СДС е единствено ширење лаги и хистерија меѓу граѓаните, се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
СветСАД полека се опоравуваат од силното невреме на Денот на благодарноста- метеоролозите со лоши прогнози (ВИДЕО)Обилните дождови што го погодија источниот брег на Соединетите Американски Држави (САД) почнаа да се намалуваат, додека снабдувањето со електрична енергија постепено се обновува денес за стотици илјади клиенти по силната бура.Обилните дождови што го погодија источниот брег на Соединетите Американски Држави (САД) почнаа да се намалуваат, додека снабдувањето со електрична енергија постепено се обновува денес за стотици илјади клиенти по силната бура што го погоди регионот во петок, Денот на благодарноста, објави АП. Националната метеоролошка служба предупреди дека ќе биде потребно повеќе време за бурата да ослабне, поради што се во сила предупредувања за крајбрежни поплави од Њу Џерси до Вирџинија. Бурата го парализираше сообраќајот, собори дрвја и далноводи од Њујорк до Вирџинија, објавува CBS News. Според услугата за следење на летови „FlightAware“, речиси 3.700 летови во САД беа одложени, додека повеќе од 160 беа откажани. Бројот на клиенти без електрична енергија, кој надмина 900.000 во четврток, се намали на околу 300.000, според податоците од порталот „PowerOutage.us“. Во Норфолк, Вирџинија, спасувачките екипи евакуираа 39 лица и две кучиња, додека покриви се урнаа во Оушн Сити и Роквил. Поради дожд и силен ветер, традиционалната парада на Мејси во Њујорк беше одложена за прв пат во историјата. Во Балтимор паднаа рекордни 7,7 сантиметри дожд, а плимата во Анаполис беше меѓу 10-те највисоки во историјата. Додека условите се смируваат во источен Мисури откако наврнаа околу 38 сантиметри снег, а покривот на лизгалиштето се сруши под тежината, за западните и централните делови на земјата е најавен нов бран зима. Метеоролозите предвидуваат до 45 сантиметри снег од Монтана до Колорадо за викендот, додека уште еден бран дожд и силен ветер се очекува на Источниот брег во недела навечер.Тагови: Денот на благодарноста Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter