- Канал 5

Турци киднапирале маж во Призрен за да запре со градба- му ставиле вреќа на главата, откриени се од надзорни камери

Основниот суд во Призрен им одреди едномесечен притвор на петмина турски државјани осомничени за физички напад, киднапирање и незаконско лишување од слобода на човек.

Турци киднапирале маж во Призрен за да запре со градба- му ставиле вреќа на главата, откриени се од надзорни камери

Основниот суд во Призрен им одреди едномесечен притвор на петмина турски државјани осомничени за физички напад, киднапирање и незаконско лишување од слобода на човек, а потоа и за принудување да се откаже од градежните работи што ги извршувал во овој град, објави Коха.

Според судот, осомничените М. Д, М. Д. Г, С. К, Р. О. и М. П. се товарат за кривични дела лесна телесна повреда, принуда и незаконско лишување од слобода.

Се сомнева дека на 1 ноември, околу 7:20 часот наутро, тие го пресретнале мажот по име С. Б. во Призрен, блокирајќи му го патот со комбе. После тоа, наводно физички го нападнале, го удирале со тупаници и клоцале, а за време на нападот користеле и ножеви, нанесувајќи му девет убодни рани и исеченици на несреќниот човек.

По нападот, осомничените, според сомневањата на истражните органи, насилно го ставиле во комбе, му ставиле вреќа на главата и го однеле во приватна куќа во Приштина. Таму го држеле против негова волја околу десет часа, заканувајќи се и притискајќи го.

Според обвинителството, целта на осомничените била да го принудат мажот да ги запре градежните работи на објектите на компанијата во Призрен, да ги отстрани работниците од градилиштето и да ја напушти земјата.

Истиот ден, помеѓу 17 и 17:30 часот, осомничените наводно го вратиле во Призрен, исто така со вреќа преку главата, и го оставиле на улица, по што му била укажана помош во Регионалната болница во Призрен.

Случајот бил пријавен во полиција откако на 3 ноември преку оперативни канали било примена снимка од нападот од надзорни камери, на која се гледа како пет лица физички напаѓаат маж, а потоа го насилно внесуваат во возило. Полицијата следниот ден ја идентификувала жртвата и преку интензивна истрага ги лоцирала и уапсила петмината осомничени.

Судот им одредил едномесечен притвор по барање на обвинителството, оценувајќи дека постои ризик од бегство, бидејќи осомничените се странски државјани кои привремено работат во Призрен. Исто така, било оценето дека тие би можеле да влијаат врз оштетената страна и потенцијалните сведоци, како и да го попречат понатамошниот тек на истрагата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќерката на Кетрин Зета- Џонс во проѕирен фустан, ја имитира мајка си (ФОТО)

Керис Даглас за состанок во Њујорк избра топ кој е постар од неа. 

Ќерката на Кетрин Зета- Џонс во проѕирен фустан, ја имитира мајка си (ФОТО)

На настанот на „Гучи“ и „Мода Операнди“, 23-годишната девојка носеше проѕирен црн топ од чипка со длабоко деколте, заедно со мини здолниште и хулахопки. Парчето е од времето кога Том Форд дизајнираше за „Гучи“, а Керис не го бараше во продавниците за винтиџ. Како што објавува „Пејџ Сикс“, таа го позајмила од плакарот на нејзината мајка, Кетрин Зета-Џонс.

Кетрин Зета-Џонс, го носеше истиот топ во 1996 година на премиерата на филмот „Долгото збогување“, но го комбинираше поинаку. Под проѕирната чипка носеше црн топ без прерамки, со панталони направени од истата чипка.

Топот на „Гучи“ е од деведесеттите години, но проѕирната црна чипка е во тренд оваа есен. Сен Лоран ја покажа во раскошни вечерни фустани, додека Кајт искомбинираше црн топ од чипка со кадифени панталони.

Чипка видовме и надвор од пистата. Зои Кравиц пристигна на ревијата на Сен Лоран во проѕирен црн кардиган со врзување и здолниште од чипка во иста боја, а Хејли Бибер носеше топ од чипка со хулахопки со ист цветен дезен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во МААЕ се загрижени поради иранскиот објект за збогатување ураниум во Исфахан

МААЕ не ја знае точната локација или статус на иранскиот објект за збогатување ураниум во Исфахан, ниту дали содржи нуклеарен материјал. 

Во МААЕ се загрижени поради иранскиот објект за збогатување ураниум во Исфахан

Иран го прогласи објектот минатата година, но сè уште не им дозволил пристап на инспекторите, според извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија што го виде Ројтерс.

Недостатокот на информации и неможноста за проверка на нуклеарниот материјал се сериозна загриженост во врска со нуклеарната пролиферација, се вели во извештајот.

Иран не им дозволил на инспекторите да се вратат во нуклеарните објекти што Израел и САД ги бомбардираа во јуни минатата година, објави Ројтерс.

Меѓу целите беше мрежа од тунели во Исфахан, за која дипломатите веруваат дека го содржи Иранскиот објект за збогатување гориво (IFEP).

Директорот на МААЕ, Рафаел Гроси, претходно изјави дека значителна количина од високо збогатениот ураниум на Иран веројатно се наоѓа во комплексот на тунели во Исфахан.

Агенцијата повторно го повика Иран да обезбеди податоци за своите нуклеарни објекти и залихи на високо збогатен ураниум, како и да им дозволи на инспекторите да се вратат на бомбардираните локации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер