- Канал 5

Тел Авив бара одговор: Хамас предал само четири тела на заложници, наместо сите 28

Израел бара итно предавање на телата на 24 загинати заложници, откако Хамас предаде само четири ковчези, што предизвика  „шок и фрустрација“ во земјата.

Тел Авив бара одговор: Хамас предал само четири тела на заложници, наместо сите 28

Израелските власти бараат „напредок“ во предавањето на телата на 28-те загинати заложници од Појасот Газа до крајот на денов.

Барањето следува по ослободувањето на сите 20 преживеани, но Хамас вчера врати само четири тела. Иако не поставила официјален рок, според порталот ynet, израелската влада очекувала сите тела да бидат предадени во рамките на договорот за прекин на огнот, кој предвидуваше враќање на сите заложници – живи и мртви – во понеделник.

Хамас засега нема соопштение, но извори блиски до групата тврдат дека е потребна дополнителна опрема и време за пронаоѓање на телата во разурнатата Газа.

Израелски медиуми, како Тајмс оф Израел, пренесуваат дека властите не веруваат во објаснувањата на Хамас и сметаат дека телата се задржуваат како средство за нови преговори. Министерот за одбрана Израел Кац го обвини Хамас за прекршување на договорот и предупреди на „последици“, потсетувајќи дека Израел ја исполнил обврската со ослободување на речиси 2.000 палестински затвореници.

Семејствата на загинатите заложници остро ја критикуваа владата. Јаел Адар, мајка на Тамир Адар, ја нарече постапката „предавство“ и обвини дека не бил поставен цврст рок. Форумот на семејствата на заложниците и исчезнатите побара „веднаш да се суспендира“ на договорот сè додека сите тела не бидат вратени. По враќањето, телата треба да се идентификуваат официјално, откако претходно Хамас погрешно предаде друго тело, што предизвика сомнежи во верификацијата.

На Гран при на САД може да му биде издадено предупредување за прегревање по втор пат по ред оваа сезона

Претстојниот тркачки викенд во Остин ќе биде екстремно жежок. Се предвидува дека температурите во главниот град на Тексас ќе достигнат 33 степени во петок и недела. 

На Гран при на САД може да му биде издадено предупредување за прегревање по втор пат по ред оваа сезона

Затоа, на Гран при на САД може да му биде издадено предупредување за прегревање по втор пат по ред оваа сезона, објави RN365.

Вакво предупредување претходно беше издадено пред почетокот на тркачкиот викенд во Сингапур, каде што температурата беше 31 степен Целзиус.

Кога ќе се издаде предупредување за прегревање, сите тимови се должни да користат специјални елеци за ладење и опрема за нивна поддршка. Доколку возачот одлучи да не користи елек, неговиот автомобил сепак ќе биде опремен со целата опрема, заедно со баласт еквивалентен на елекот.

Според RacingNews365, доколку температурите навистина достигнат толку високо ниво, ФИА речиси сигурно ќе го активира предупредувањето за прегревање.

Во Дебар, лишени од слобода родители, кои малолетното дете го принудувале на питачење

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи лишиле од слобода родители на малолетно дете, кои го принудувале да питачи во Дебар.

Во Дебар, лишени од слобода родители, кои малолетното дете го принудувале на питачење

-Вчера во 17:20 часот на улица „Јусуф Грвала“ во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар ги лишија од слобода В.Б.(21) и Б.Б.(19), двајцата од Дебар. Тие се сомничат за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“ по член 201 од Кривичниот законик. При извршена контрола, полициските службеници ја затекнале В.Б. како со нејзината малолетна ќерка питачи, а во нивна близина бил Б.Б., иформираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи - Охрид.

Бил известен јавен обвинител и на местото се повикани таткото на малолетничката и претставници од Центарот за социјални работи од Дебар. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Димоски исто така информираше дека е поднесе кривична пријава против К.Ц.(60) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ по член 244 и „Узурпација на недвижности“ по член 225 од Кривичниот законик.

Тој, во текот на јуни оваа година, на катастарска парцела во државна сопственост, кај месноста „Бадеми“ покрај брегот на Дебарското Езеро, без одобрение за градба и спротивно на Законот на градење, неовластено изградил објект во вкупна површина од 88. 40 квадратни метри.

притисни ентер