Минчев за сработеното во првите две години: Платите ќе пораснат за 40 отсто, в.д. мандатите се кратат на 6 месеци
2 Минчев за сработеното во првите две години: Платите ќе пораснат за 40 отсто, в.д. мандатите се кратат на 6 месеци
3Пет лица лишени од слобода, со едно извршен службен разговор, вкупно осум пријави за семејно насилство во последното деноноќие
Алиу: Унапредувањето на органодарителството е еден од најуспешно финализираните процеси во здравството
2Алиу: Унапредувањето на органодарителството е еден од најуспешно финализираните процеси во здравството
Македонија „Фајнанс тинк”: Во вториот квартал од 2022 инфлацијата се искачи на 12.3 отсто годишноСпоред „Фајнанс тинк” во вториот квартал од 2022, инфлацијата се искачи на 12.3 отсто на годишна основа. Во вториот квартал од 2022, БДП се зголеми за 2.8 отсто на годишна основа. Овој раст е сличен на динамиката од 2021 година, но е под очекуваниот, остварен е во услови на нагласена неизвесност која произлегува од руско-украинскиот конфликт, како и во услови на забрзан раст на цените. Со оваа состојба е сврзан нискиот раст во преработувачката индустрија (1.5 отсто), како и продолжената стагнација кај градежништвото (0.2 проценти), стои во анализата на „Фајнанс тинк” (Finance Think). Од друга страна, како што посочуваат, пост-пандемиската консолидација продолжи со солидна динамика од 8.1 отсто кај трговијата, транспортот и хотелиерството. -Извозот и увозот ја задржаа својата динамика од почетокот на годината, 14.7 отсто и 25.2 проценти, соодветно, додека бруто инвестициите бележат изненадувачки висок раст (46.5 отсто), но тој е веројатно сврзан со акумулацијата на залихи во пресрет на растечките неизвесности на глобалната сцена, велат од макроекономскиот монитор на организацијата „Фајнанс тинк”. Стабилниот пазар на труд и растот на платите, како што посочуваат, ја поддржаа приватната потрошувачка, иако со благо забавен раст (4 отсто), додека јавната потрошувачка бележи силен пад од 7.2 проценти, што е во линија со несразмерната реализација на буџетскиот дефицит (една четвртина за половина година). -Невработеноста во вториот квартал од 2022 понатамошно благо се намали, на 14.5 отсто од претходните 14.8 проценти (К1-2022). Благо подобрување бележи и вработеноста, од 47.1 отсто на 47.3 проценти, но нема особени знаци на значајно реактивирање на работоспособното население кое се пасивизираше во текот на пендемијата, се наведува во анализата. Според „Фајнанс тинк” во вториот квартал од 2022, инфлацијата се искачи на 12.3 отсто на годишна основа. Овој раст на цените, како што додаваат, е скоро во целост движен од глобалните притисоци врз цените на примарните производи и енергијата, но тие се пренесоа и врз пошироката потрошувачка кошничка, особено во делот на домување, транспорт и ресторанско-хотелски услуги. -Неизвесноста во економијата останува висока, додека видливата стагфлација во вториот квартал од 2022 ќе станува поинтензивна до крајот на годината, со зголемена веројатност од рецесија од почетокот на идната година. И покрај намалувањето на цените на храната на глобалните пазари од јуни 2022, понатамошното зголемување на цените на енергентите укажува на подолготрајност на ценовните притисоци во споредба со претходните очекувања. Оттука, Finance Think надолно ја ревидира проекцијата за растот на БДП во 2022 на 2.1 отсто (од претходните 2.8 отсто), додека проекцијата за годишната стапка на инфлација нагорно на 12.2 проценти (од претходните 9.7 проценти), се вели во анализата на „Фајнанс тинк”.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦУК за последиците од невремето: Најпогодени се општините Кисела Вода, Чаир, Бутел и Гази БабаИнформација за последиците од невремето во Скопје.Поради невремето кое во попладневните часови го зафати подрачјето на Град Скопје, преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се примени повеќе пријави од граѓани за поплавени подрумски простории, дворови на куќи, магацински простории, подвозници и кружни текови, како и за заглавени возила и други ризици и опасности предизвикани од обилните врнежи. Според досега пристигнатите пријави, најпогодени се општините Кисела Вода, Чаир, Бутел и Гази Баба. За сите пријавени случаи веднаш се известени Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и Единиците на локалната самоуправа, кои постапуваат согласно своите надлежности. Во моментов заседава Кризниот штаб на Град Скопје, кој ги координира активностите на надлежните служби.Тагови: ЦУК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија Минчев за сработеното во првите две години: Платите ќе пораснат за 40 отсто, в.д. мандатите се кратат на 6 месециЈавната администрација не се менува со најави, туку со конкретни решенија, системски промени и работа на терен.Оценувајќи ја двегодиншата работа на ресороното министерство, Министерот за јавна администрација Горан Минчев ги презентираше резултатите од реформскиот процес насочен кон создавање професионална, ефикасна и модерна администрација, која ќе биде поблиска до граѓаните и подобро подготвена да одговори на нивните потреби. -Почитувани кога денес правиме осврт на изминатите две години , можеме да кажеме дека министерството за јавна администрација не е само инстотуција која подготвува законски решенија. Тоа е интитуција која отвори процеси кои со години стоеја во место. Институција која постави нови стандарди. Институција која покажа дека реформите се можни кога има јасна визија, политичка воља и посветена работа. Свесни сме дека ниту една реформа не завршшува со донесување на Закон. Вистинскиот успех се мери според тоа колку институциите ќе работат подобро, колку услугите ќе бидаа побрзи и покавалтитетни и колку граѓаните ќе имаат доверба во јавната администрација. Пред нас има уште многу работа, но денес можеме да кажеме дека поставивме цврсти темели. Темели на професионалност, темели на интегритет и темели на резултати. Нашата цел останува иста, да изградиме јавна администрација која нема да биде товар на граѓаните туку нивен вистнски сервис – изјави Минчев. Особено значаен сегмент од реформите е подобрувањето на статусот на административните службеници. Во партнерски дијалог со синдикатите постигнат е историски договор преку колективните договори, со кој е обезбедено континуирано зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти до 2028 година, велат од министерството. -Во партнерски дијалог со синдикатите успеавме да постигнеме историски договор преку колективните договои со кои обезбедивме континуиранито зголемуѕвање на платата на административните службеници за 40 проценти до 2028 година. Нашиот лидер не кажа дека нема да биде министерстовото за земјоделство, шумарство и водостопанство во наши раце, туку дека преговорите се во тек и дека сите опции се на маса. И коректно е како еден политички субјект, а ние сме таков политички субјект, стабилен партнер во владата кој што не шпекулира и не брифира. А со самите брифинзи креира политички ситуациии или пак мислења дека ЗНАМ е незадоволен од распоредот на новите функции во владата – истакна Минчев. На прашање на Канал 5 дали ЗНАМ се задоволни од распределбата на ресорите по реконструкцијата во владата, Минчев одговори дека дека партијата добила повеќе обврски и одговорности во владата наспроти шпекулациите дека политичкиот субјект е незадоволен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВласта и опозицијата не се договорија за измените во Изборниот законик 15:00Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Велковски и Клековски20:48Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва18:18
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
МакедонијаПет лица лишени од слобода, со едно извршен службен разговор, вкупно осум пријави за семејно насилство во последното деноноќиеНа 30.06.2026 во 21:30 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода З.Д.(38) од Прилеп бидејќи упатувал закани кон неговиот татко. Според пријавеното, додека се заканувал, си нанел и повреда со стаклен предмет. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. На 30.06.2026 во 20:10 часот во Тетово, полициски службеници го лишија од слобода Ф.А. (28) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека во 19:25 часот, физички ги нападнал неговата снаа и неговиот брат. По целосно документирање на случајот, против Ф.А. ќе биде поднесена соодветна пријава. На 01.07.2026 во 01:15 часот во СВР Скопје, 44-годишна жена пријави дека на 21.06.2026 во семејниот дом на подрачјето на Карпош, била физички нападната од нејзиниот сопруг Ц.С.(45), додека на 30.06.2026 се обидел да ја избрка од домот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. На 01.07.2026 околу 03:40 часот во СВР Скопје 22-годишна жена пријави дека на 30.06.2026 на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот партнер Н.М.(32). Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 30.06.2026 во 19:00 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Н.(68), по претходна пријава дека во домот упатил закани кон неговиот 40-годишен син и неговото семејство, при што со тврд предмет се обидел да го нападне неговиот малолетен внук. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. На 30.06.2026 во 16:50 часот во Полициската станица Гази Баба полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Ј.Ф.(27) од Скопје, по претходна пријава дека во домот физички го нападнал неговиот 62-годишен татко. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. На 30.06.2026 во 15:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода А.В.(59) од Струмица, постапувајќи по пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата сопруга и кон мајката на сопругата. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. На 30.06.2026 во 19:30 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 22-годишен жител на тоа село, постапувајќи по претходна пријава дека околу 03:00 часот во село Банско физички нападнал 26-годишна девојка, со која бил во љубовна врска. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: семејно насилство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook