Писмото е наменето за членови на нејзиното семејство. Шинејд им пишува: 

- Вашето сфаќање на мојата здравствена состојба е средновековно. Сите што ме доведовте толку пати до работ на смртта - ќе ве изведам пред суд. Брутални бевте кон мене и мојот живот. како што мојата мајка беше брутализирана. Никогаш не се прашавте дали вашето изживување ќе ги чини моите две деца мајка - ги чинеше! Морав да избегам во Америка да се обидам да живеам. Да оставам се и секого што го познавам. Таква е судбината на луѓето од Ирска со ментална болест.


- Погодете што - не сум јас болната во ова сценарио. Вие сте тие на кои им треба психијатар, сите вие. Јас сум среќна што не сум прилагодена на вашето болно општество. Жал ми е што ве разочарав и што не сум мртва, но продолжете со вашето сурово напуштање и не се знае никогаш. Вашата желба можеби ќе се исполни. Сега сфаќам што ја мачеше мајка ми.


Ирската пејачка се водеше како исчезната повеќе од 24 часа. Сите стравуваа дека извршила самоубиство, но беше пронајдена во хотел во Чикаго.

Пријател на О Конор за „NBC“ изјави дека таа ја напуштила Ирска во јануари поради здравствена и лична криза. Од тогаш престојува во Чикаго кај пријатели.


Уште лани во ноември таа на Фејсбук објави проштално писмо и најави дека ќе се убие. Но и претходно 49 годишната пејачка се соочуваше со депресија и суицидални намери.

Таа во своите постови се жалеше на суровоста на нејзиното семејство и полицијата во Ирска. Поконкретно, меѓу другото, според она што го пишуваше, изгледа дека има проблеми со двајца од нејзините поранешни сопрузи околу две од нејзините 4 деца.
 

/ извор: nbcchicago.com

Датум на објава: вторник, 17 мај 2016 во 16:36
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 12:39

коментари

остави коментар