– Не се виновни мажите што напаѓале, ако така биле облечени, тоа му доаѓа како долевање масло на огнот, вели имамот, кој инаку проповеда салафизам, ултраконзервативна форма на сунитскиот ислам.

По бројните критики на неговата изјава, се обидел да се оправда и вели:

– Имало меѓу жените жртви и оние кои се облекуваат провокативно и оние кои имале парфем. Тоа било сосема доволно за некои северноафриканци да нападнат. Но, тоа не значи дека сметам оти жените не би требало да бидат така облечени, вели Абу-Јусуф.

Според германското обвинителство бројот на тужбите пораснал на повеќе од 800, а од нив 521 се однесува не некој вид сексуално злоставување, вклучувајќи и три силувања.

Германската полиција почна истрага против 21 лице од северноафриканските земји поради учество во нападите во Келн, а осум од нив се моментално во притвор.

Датум на објава: сабота, 23 јануари 2016 во 10:32
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар