Во своето пригодно празнично обраќање, градоначалникот на општина Битола Владимир Талески истакна дека основачите на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација се светли имиња од македонската историја и треба секогаш достоинствено да се слават.

- Оддаваме почит на значаен историски настан кој пред 121 година се случил во Солун. Луѓето инспирирани од тоа што претходно се случувало, борбата за слобода, тенденцијата за независна и слободна татковина ги мотивирала да се здружат во македонски револуционерен комитет кој подоцна прераснува во Внатрешна Македонска Револуционерна Организација. Затоа денешниот датум е значаен за организираната борба на македонскиот народ, а тука е и зародишот на тоа што го имаме денеска – независна суверена Република Македонија. Овие светли имиња заслужуваат максимална почит и затоа ги славиме, посочи Талески.

На историскиот час во Битола беше потсетено на значањето на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација, на историските личности што ја формираа, со посебен осврт на Даме Груев и Христо Татарчев кои потекнувале од Битолскиот револуционерен округ и други револуционери кои претставувале стожер на организацијата, беше истакнато на денешната празнична свеченост.  /МИА

Датум на објава: четврток, 23 октомври 2014 во 13:35
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар