И додека настанот во кралското семејство ветува дека ќе биде исклучително раскошен, се појавија коментари околу екстравагантниот потег на Хари, кој ги поткопува позициите на круната.

За разлика од својот брат Вилијам, кој за многумина го претставува модел за подражување, Хари има има доста бујна историја на пороци за време на младоста. Уште како тинејџер се појавува на насловните страници на печатот поради употребата на алкохол и марихуана.

За да го внесе во вистинскиот пат, неговиот татко принцот Чарлс му покажува како изгледа да се биде во центар за одвикување. Принцот Хари само што се смести трајно во срцата на Британците кога избувна уште еден скандал.

Во јануари 2005 во печатот се појавуваат негови слики во нацистичка униформа. Хари дури јавно се извини за несоодветната шега.

Од тоа време датира и неговиот однос со Челзи Дејви, обележана од секвенци на разделби и смирувања.

Во 2010 двајцата се разделуваат по 6 години врска, а Хари изгледа подготвен целосно да ужива во животот.

Принцот често се забавува кога не е на работа, и се среќава со личности од шоу-бизнисот и спортот.

По некое затишје, далеку од скандалите, во текот на летото на 2012 во “Сан” беа објавени голи фотографии на Хари од забава во Лос Анџелес.

На почетокот на 2013 младиот принц изгледа повторно вљубен – овој пат во 24-годишната аристократка Кресида Бонас.

Таа сепак и така и не можеше да го скроти Хари.

И за да остане верен на својот карактер, тој повторно ги наруши непишаните правила и избра свршеница, која е католик.

Датум на објава: среда, 29 ноември 2017 во 14:34
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар