Одржувањето на седницата на Централното претседателство најавена за деновиве е на стенд бај. Од Алијансата чекаат амин од премиерот Зоран Заев за и официјално да го достават предлогот за министер.

Неколку министерски места во Владата по локалните избори останаа празни. Според извори од владејачката коалиција, причината за одолговлекувањето на именување нови министри се несогласувањата меѓу ДУИ и Алијансата за тоа каков состав во иднина треба да има владината коалиција. Интегративците се на став дека Села треба да замине и на негово место да влезе ДПА на Мендух Тачи. Додека во СДСМ оценуваат дека Алијансата е подобар партнер. Велат Тачи не доаѓа во Собрание и со него тешко ќе се обезбедува кворум во Собранието, за разлика од Села.

Се очекува разликите меѓу коалиционите партнери да се решат наскоро. Канал 5 од собраниски извори дознава дека новиот министерски состав во парламентот ќе се најде помеѓу 24 и 27 ноември пред да почне расправат за предлог буџетот. Дотогаш се очекува да се надминат сите разлики меѓу коалициските партнери.

Датум на објава: вторник, 14 ноември 2017 во 17:19
Јулијана Николовска
Обновено во: 17:21

коментари

остави коментар