Како што информира МВР, шеесет годишниот А.Б. Во прес салата на законодавниот дом се заканувал и физички се обидел да се пресмета со обезбедувањето на пратеникот Оливер Спасовски. Тој во моментот кога сакал да се доближи до пратениците бил задржан од друго лице.
Второпријавениот,  22 годишниот скопјанец со иницијали А.Ш.  Насилно ја отворил влезната  врата во собранието, удирајќи ја со раце и нозе, притоа туркајќи и влечејќи ги полициските службеници поставени во кордон пред вратата.

Двете пријавени  лица биле ослободени по извршениот разговор во полицијата. Тие се осомничени за учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие.

До основното јавно обвинителство, како што информира МВР, доставени се и известувања за извршени прегледи на видео материјали од крвавиот четврток, при што било утврдено дека девет лица се присутни во собранието, но истите не преземале никакви дејствија. МВР побарало и листинзи од телефонскиот број на сопственик за кој претходно е поднесена кривична пријава, како и целокупна здравствена документација на лицата кои се пријавиле како оштетени во клиниката  по хируршки болести “свети наум охридски” од Скопје.

Со цел расветлување на истрагата, од министерството известуваат дека полицијата извршила разговор со три лица, од кои две биле вработени во управата за безбедност и контраразузнавање. По наредба на судија на претходна постапка полицијата се обидела да изврши претрес во домот на лице од Куманово, но претресот не бил извршен бидејќи никој не ја отворал вратата.


Датум на објава: петок, 19 мај 2017 во 12:35
Михаела Димовска
Обновено во: 17:49

коментари

остави коментар