Со овие зборови го опишаа чувството триесетината велешани, ученици во гимназијата на  средбата по повод 60-годишнината од матура.

Дел од нив одамна заминале во Словенија, Канада, Хрватска...но илјадниците  километри не ги спречија да дојдат и да се навратат во младоста.

Генерацијата матуранти во велешката гимназија завршиле средно образование во 1957 година.

Ја посетија Гимназијата, новоизградената црква Св Кирил и Методиј, а уживаа и во разгледувањето на театарската зграда .

Со нив беше и класната раководителка, професорка по француски и латински јазик која и денес се гордее со своите ученици.

Им порачаа на денешните матуранти да не се плашат од предизвиците, но да знаат дека преку трње се стигнува до ѕвезди.

Генерациската средба ја продолжија со заедничка дружба и присетување на случките од најубавите денови во животот.


Датум на објава: сабота, 13 мај 2017 во 15:14
Ана Милевска Ѓеоргиева
Обновено во: 15:38

коментари

остави коментар