Според Блиц Даниела починала од последиците од ранување со пушка која пукнала додека била во рацете на нејзиниот 47 годишен сопруг В.П.

 - Тој пушката ја покажувал на свој пријател кога случајно пукнала, а куршумот ја погодил Даниела првао во градите. Веднаш била префрлена во болница но не било можно да се спаси. Ќе ги испитаме сведоците и сите околности на овој случај, ќе го провериме неговото тврдење дека пушката случајно пукнала - вели извор од истрагата за Блиц.

Блиц пишува дека В.П. е ловџија и има повеќе парчиња оружје. Со Даниела имал 3 деца. Според непотврдени информации на Блиц, тој кога дознал дека неговата сопруга им подлегнала на повредите, се обидел да се самоубие.


Датум на објава: вторник, 10 јануари 2017 во 14:01
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 14:03

коментари

остави коментар