Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека оваа одлука е донесена, бидејќи Бразилецот не тренирал со тимот три недели пред паузата за натпреварите на националните тимови.
Кутињо ги пропушти активностите на Ливерпул поради повреда во грбот и беше во очекување на трансфер во Барселона, кој не се случи. Потоа тој замина за Бразил, каде што тренираше со репрезентацијата и дури учествува во квалификациите. Во средата тој се врати во Англија и ги обнови тренинзите со Ливерпул, но Клоп одлучил дека Бразилецот не е подготвен.
Менаџерот на „црвените“, објасни дека било можно Кутињо да игра 15-20 минути, но по разговорот меѓу двајцата проценија дека е мудро воопшто да не зема учество во натпреварот.
Дуелот Манчестер Сити - Ливерпул е закажан за утре од 13:30 часот и со него ќе биде отворена четвртата рунда од Премиер лигата.

Датум на објава: петок, 08 септември 2017 во 15:54
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар