Противничка на Македонката ќе биде Саша Викери од САД. 21-годишната Американка на ВТА листата се наоѓа на 137.место, додека Ѓорческа е 202.

За македонската тенисерка ова е второ учество во квалификациите на еден Грен слем. Првото и е минатата година на УС Опен кога не успеа да го мине првото коло.

Почетокот на мечот Ѓорческа – Викери е во 3 часот по полноќ по македонско време. 

Датум на објава: среда, 11 јануари 2017 во 13:57
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар