Шведскиот парламент го усвои законот за можност за промена на пол на 16 годишна возраст

Шведскиот парламент денеска усвои закон со кој се намалува старосната граница за операција за промена на полот од 18 на 16 години.

Според новиот закон, на оние под 18 години и понатаму ќе им треба дозвола од старател, лекар и Националниот одбор за здравје и благосостојба, пишува Асошиејтед прес.

За разлика од порано, нема да биде предуслов пациентите да имаат дијагноза на родова дисфорија, која психолозите ја дефинираат како стресно искуство на личност чиј пол не се совпаѓа со нивниот родов идентитет.

Слични закони веќе се усвоени во Данска, Норвешка, Финска и Шпанија.

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите: Дачиќ министер на МВР, Вулин се враќа во Владата

Дачиќ министер на МВР, Вулин се враќа во Владата, Ѓуриќ нов шеф на дипломатијата.

Претседателот на СНС и мандатар на новата српската Влада, Милош Вучевиќ по седницата на Претседателството на партијата ги презентираше кадровските решенија на новата Влада на Србија. Ивица Дачиќ пак ќе биде министер на полицијата, Вулин се враќа во Владата, нов шеф на дипломатијата е досегашниот српски амбасадор во САД Марко Ѓуриќ, додека Братислав Гашиќ од МВР се сели во министерството за одбрана, јави дописникот на МИА од Белград.

-Денеска на седницата на Президиумот на СНС одлучивме за повеќе прашања и теми. Поднесувам барање седницата на Собранието да се одржи утре. Ќе ви го прочитам предлог составот на Влада, рече Вучевиќ.

„Синиша Мали-вицепремиер и министер за финансии, Ивица Дачиќ-министер за внатрешни работи и вицепремиер, Александар Вулин-вицепремиер, Ирена Вујовиќ-вицепремиер на Србија и министер за заштита на животната средина, Горан Весиќ, министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Дубравка Ѓедовиќ-министерка за рударство и енергетика, Томислав Момировиќ-министер за внатрешна и надворешна трговија, Маја Поповиќ-министер за правда, Братислав Гашиќ министер за одбрана, Марко Ѓуриќ-министер за надворешни работи, Тања Мишчевиќ-министер за евроинтеграции, Славица Ѓукиќ Дејановиќ-министер за образование, Златибор Лончар-министер за здравство, Немања Старовиќ-министер за вработување, труд, ветерани и социјални прашања, Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски, министер за семејна грижа и демографија, Никола Селаковиќ, министер за култура, Андријана Месаровиќ, министер за економија, Јелена Жариќ Ковачевиќ, министер за администрација и локална самоуправа рече Вучевиќ и додаде:

„Милан Кркобабиќ – министер за грижа на селото, Дејан Ристиќ, министер за информации и телекомуникации, Дарко Глишиќ министер за јавни инвестиции, Новица Тончев, Усаме Зукурлиќ, Ненад Поповиќ и Татјана Мацура се министри без ресор, рече Вучевиќ.

Тој кажа и дека поранешната министерка за култура, Маја Гојковиќ, ќе биде кандидат за нов претседател на Владата на Војводина.

Приведени двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина

 Претходно, В.А. бил забележан како од железничката пруга кај с.Табановце, кумановско, презема шест лица мигранти од Кина и ги спроведува во близина на автопатот „Пријателство“ кај селото Табановце, по што заминал.

По преземени мерки и активности, вчера во 17.40 и во 18.20 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода Д.М.(26) од Гевгелија, со живеалиште во Богданци и В.А.(28) од Пакистан, поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, соопштија од МВР.

- Претходно, В.А. бил забележан како од железничката пруга кај с.Табановце, кумановско, презема шест лица мигранти од Кина и ги спроведува во близина на автопатот „Пријателство“ кај селото Табановце, по што заминал. Набргу, на местото пристигнал Д.М. со патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, во кое ги сместил мигрантите и се упатил кон Куманово, се појаснува во соопштението.

По преземени мерки, се додава, возилото било запрено, по што Д.М. бил лишен од слобода, возилото било одземено, а мигрантите сместени во прифатен центар. Исто така, по преземени мерки, набргу бил пронајден и лишен од слобода и В.А.. Лицата биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Израелски медиуми јавуваат дека ИДФ ги одобриле плановите за операција во Рафа

Началникот на Генералштабот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Херзи Халеви ги одобри конечните планови за воена операција во градот Рафа и во бегалските кампови во Појасот Газа, пишува Ynet Њуз.

Без да го наведе изворот на информацијата, сајтот тврди дека израелски тенкови се на границата на Газа и се подготвени да почнат операција со која Израел сака да ја искорени милитантната група Хамас, пишува Тајмс оф Израел.

Во извештајот се вели дека планот за инвазијата се состои од неколку фази, а инвазијата може да биде суспендирана или одложена доколку се постигне напредок во разговорите за ослободување на заложниците кои ги држи Хамас.

притисни ентер