Германија ќе ѝ даде на Украина 10.000 гранати за топови, а испраќаат и муниција

Германската армија Бундесверот во наредните денови ќе и предаде на Украина 10.000 артилериски гранати од своите резерви, изјави за ДВ генералот Кристијан Фројдинг.

Тоа е дел од планот во три фази за испорака на муниција, изјави Фројдинг, кој е шеф на специјалниот штаб на Бундесверот за Украина од почетокот на руската агресија, објави ДВ.

Според него, потребите на Украина за артилериска муниција ќе се задоволат во три фази. По првата, итна фаза, на среден рок ќе биде поддржана чешката иницијатива за набавка на муниција.

„Ќе преземеме над 180.000 парчиња муниција, кои се планирани да бидат испорачани во Украина од почетокот на летото до крајот на годината“, рече генералот.

Покрај чешката иницијатива, Германија склучи и билатерален договор со кој се предвидува испорака на уште 100.000 артилериски гранати од четвртиот квартал оваа година. Кристијан Фројдинг не сакал детално да објасни со која земја е склучен договорот за испорака.

Чешката Република организира купување до 800.000 парчиња артилериска муниција за Украина. Иницијативата започна на крајот на февруари. Оттогаш, 20 земји од ЕУ и НАТО се приклучија на кампањата, меѓу кои Германија, Франција, Данска, Холандија и Канада.

Според Фројдинг, моменталната најитна потреба на Украина е „артилерија и друга муниција и наведувани проектили за модерни системи за воздушна одбрана и оклопни борбени возила“.

Фројдинг зборувал и за обуката на украинските војници во Германија. Минатата година, 10.000 припадници на вооружените сили на Украина беа обучени на германските воени полигони, а уште 3.000 до 4.000 луѓе ќе бидат обучени во првите месеци од 2024 година.

Германското Министерство за одбрана ќе биде подготвено да понуди таква можност на уште повеќе војници од Украина во 2024 година.

„Фокусот секогаш е на обуката за вооружените системи што им ги обезбедуваме на украинските вооружени сили и тактичката обука, обуката на операторите, како и обуката на техничари за нивно одржување и поправка“, рече Фројдинг.

Колегите во Германија се изненадени од способноста на украинските војници, како и од брзината со која тие „се навикнуваат на целосно нови системи за оружје“..

Ковачевски: Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата

Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата, гласањето ЗА значи прогрес и подобра држава.

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на вечерашниот митинг во Крушево, ги повика граѓаните пред да гласаат на 8-ми мај, убаво да размислат дали ќе дадат глас „за“ или глас „против“. Го повикувам сите граѓани да размислат кој заслужува да ја води државата, рече Ковачевски.

„Гласањето ПРОТИВ не ѝ носи добро на Македонија. Само ако гласаме ЗА може да одиме напред и да изградиме подобра држава за нашите деца, држава во која тие ќе сакаат да живеат. Со глас ПРОТИВ можеби ќе казните некого, но во исто време ќе ги казните и сопствените деца. Таа краткорочна казна може да има долгорочни последици за државата. Затоа ве повикувам масовно да гласате ЗА европска иднина. Да гласате ЗА Стево Пендаровски, за претседател и ЗА СДСМ и Коалицијата за европска иднина на парламентарните избори“, порача Ковачевски.

При тоа, Ковачевски им се заблагодари на членовите, симпатизерите и поддржувачите на СДСМ кои останале доследни на социјал-демократската идеја на партијата.

„Многу е поголемо задоволството кога ќе се измачиш во борба со својот политички и идеолошки противник, отколку да ја избереш полесната опција и да се свртиш против своите. Тоа е јалова борба, во која никогаш нема победник, а тој што се борел против своите си оди дома како најголем губитник. Затоа ние избравме да се бориме со идеи, со визија, со конкретни проекти, а не со кавга со довчерашните сојузници и истомисленици“, истакна Ковачевски.

Лидерот на СДСМ порача дека основната цел на програмата на Коалицијата за европска иднина е брзи, ефикасни и успешни преговори со ЕУ затоа што само на тој начин како држава може да обезбедиме повисок животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство.

Скопје, 28 април 2024

СДСМ

Убавата Ирина Шајк во потрага по ново момче!?

Руската убавица Ирина Шајк во последно време дефинитовно нема среќа во љубовта.

По разводот со актерот Бредли Купер, со кој има ќерка, убавата манекенка стапи во врска со познатиот НФЛ играч Том Брејди, но и таа врска не траеше долго и „пукна“, па сега Ирина е во потрага по ново момче.

Сексапилната манекенки наводно бара некој кој е познат, убав и има пари, изјави извор за „PageSix“.

Сепак, не е лесно Ирина Шајк да го пронајде вистинското момче кое ќе ги задоволи сите нејзини критериуми.

"Таа бара дечко, но има малку луѓе со кои излегува. Потребни ѝ се познати, згодни и богати.

Колку се такви, пет, десет", рекол извор кој сугерира дека новиот дечко на Ирина би можел да биде големиот холивудски заводник, актерот Том Круз, која неодамна раскина со атрактивната Русинка Елсина Каиров.

Саудиска Арабија предупреди на економските последици од војната во Газа

Саудиските власти денеска повикаа на смирување на тензиите на Блискиот исток и предупредија на економските последици од војната во Појасот Газа, на отворањето на специјалната средба на Светскиот економски форум.

Дводневниот форум се одржува во Ријад во присуство на многу лидери и високи функционери, меѓу кои и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, палестински претставници и високи дипломати вклучени во напорите за ставање крај на конфликтот меѓу Израел и палестинското движење Хамас.

-Војната во Газа, како и конфликтите во Украина и на други места, вршат „голем притисок“ врз економското опкружување, изјави саудискиот министер за финансии Мохамед ал Џадан.

- Израел не е претставен на состанокот, додека преговорите за примирје со посредство на САД, Катар и Египет се во тек на други места, но настанот ќе биде можност за разговори со клучните играчи, рече саудискиот министер.

Блинкен утре ќе пристигне во Ријад каде што ќе „разговара за тековните напори за постигнување прекин на огнот во Газа што овозможува ослободување на заложниците“, соопшти Стејт департментот.

притисни ентер