Чави сака Роберто да остане во Барса

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, изрази желба да го задржи ветеранот Серхи Роберто во тимот, пренесува денеска шпанскиот весник „Мундо Депортиво“.

„Сакам да го продолжи договорот. Сега одлуката е на него. Тој знае што мислам. Може многу да ни помогне. Да се надеваме дека ќе го продолжи договорот“, изјави Чави за 32-годишниот играч од средниот ред, чиј актуелниот договор со Каталонците истекува на крајот од сезоната.

Барселона утревечер ѝ гостува на Валенсија во натпревар од 33. коло на шпанската Ла Лига, а Чави истакна дека целта на каталонскиот клуб е да ја задржи втората позиција на табелата на крајот на сезоната.

„Нашата цел е да завршиме на второто место во лигата и да се пласираме на завршниот турнир во Суперкупот. Сакаме да ја завршиме сезоната со добро чувство и со ентузијазам и сила да се подготвиме за следната“, додаде тренерот на Барселона.

Ердоган и Мицотакис ја потврдија добрата клима меѓу двете земји

Ердоган и Мицотакис ја потврдија добрата клима меѓу двете земји и се согласија дека не се согласуваат околу Хамас.

Актуелната клима во билатералните односи дава важен придонес за зајакнување на стабилноста во регионот, пишува меѓу другото, во заедничката изјава на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по нивната средба во Анкара, кои паралелно соопштија формирање турско-грчкиот бизнис совет и потпишување договор за соработка во областа на здравството и медицинските науки, јави дописничката на МИА од Атина.

Заедничката изјава на Ердоган и Мицотакис ја истакнува посветеност на двете страни за консолидирање на сегашната позитивна клима согласно Атинската декларација за пријателски односи и добрососедство од 2023 година, но и можноста за понатамошна соработка, како и потребата да се одржуваат ефективни канали за комуникација на повеќе нивоа, „во корист на двете нации во атмосфера на пријателство и заемна доверба“.

На прес конференцијата по средбата турскиот претседател и грчкиот премиер говореа за билатералните односи, но и за регионалните прашања, а двајцата се фокусираа и на т.н. позитивна агенда.

Мицотакис порача дека „до нашите несогласувања можеме да испишеме една паралелна страница со работите за кои се согласуваме“, додека пак Ердоган истакна дека „не постои толку голем проблем меѓу Турција и Грција што не би можел да се реши“.

Освен за прашањата за кои е познато дека двајцата лидери имаат различни ставови, на прес-конференција Мицотакис и Ердоган влегоа во дијалог околу Хамас.

Мицотакис во неговата изјава рече дека е „терористичка организација“, на што турскиот претседател одговори дека е „организација на отпорот, која се бори за своите територии“ и дека не го прифаќа терминот „терористичка организација“.

-Господине претседателе, да се согласиме дека по ова прашање не се согласуваме, но да се согласиме дека се согласуваме за потребата во овој момент да постои итен прекин на огнот и пред сè, да се заштитат палестинските цивили, кои се неправедните, големите жртви на оваа војна, порача Мицотакис. /МИА

Конвојот на ОН нападнат во Газа бил јасно обележан

Обединетите нации денеска соопштија дека конвојот на светската организација што беше нападнат во градот Рафа на југот на Појасот Газа, при што беше убиен еден вработен странец, припадник на обезбедувањето, а друг полесно повреден, бил јасно обележан.

Заменик портпаролот на ОН Фархан Кан изјави дека убиениот во нападот утринава е првиот странец од организацијата кој загинал од почетокот на војната во Газа на 7 октомври минатата година.

Во војната досега загинаа околу 190 вработени на ОН, сите Палестинци кои главно работат за палестинската агенција за бегалци УНРВА, рече Хак.

Тој додаде дека сите вработени, чија националност не ја откри, биле во возило означено со ОН во конвојот кој бил погоден додека се движел кон Европската болница во Рафа.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ги осудува сите напади врз персоналот на ОН и повикува на целосна истрага, рече портпаролот.

Шефот на ОН изјави дека не само многу цивили, туку и хуманитарни работници загинале во седуммесечната војна и го повтори апелот за итен хуманитарен прекин на огнот и ослободување на сите заложници киднапирани од Хамас. /МИА

Мајкл Коен, поранешен адвокат на Трамп, дава исказ пред судот

Мајкл Коен, поранешниот адвокат на Доналд Трамп кој беше осуден за лажно сведочење, денеска дава исказ како еден од главните сведоци во првиот во историјата кривичен прогон на поранешен претседател на САД.

Коен (57) работел за њујоршкиот магнат со недвижнини Трамп уште од почетокот на 2000-те години пред Трамп да стане политичар.

Коен еднаш се има претставено како „ополномоштен главосечач“ на својот клиент и во своите сведочења пред Конгресот наброја дека за неколку години по наредба на Трамп тој се заканувал на 500 лица.

Во 2017 година во првото претседателство Трамп го нарече Коен „многу талентиран адвокат“ и „добар адвокат во мојата фирма“.

Во кривичната тужба против Трамп за давање 130.000 долари поткуп на порно актерката Сторми Даниелс за таа да молчи за нивна наводна средба што завршила во хотелска соба, Трамп се соочува со 34 точки од обвинението.

Коен призна дека зделката со Даниелс ги нарушила правилата за финансирање на изборна кампања. Тој се изнесе дека е виновен во однос на други нарушувања на законот како лажно сведочење пред Конгресот за наводната зделка со недвижности на Трамп во Москва. За ова тоа тој одлежа федерален затвор 13.5 месеци и година и пол во домашен притвор.

Коен денеска ќе дава исказ за тоа како пред осум години неколку недели пред изборите правел парични исплати на Даниелс по наредба на Трамп. Потоа, според него, после инаугурацијата тој се сретнал со Трамп во неговиот кабинет во Белата куќа и договарал како да му биде платено за услугите. /МИА

притисни ентер