Во рамки на работилницата „Најдобрите практики и иновативни пристапи за развивање рамка на сигурносни политики за сајбер-безбедност“ што, според МИА, од денеска до среда ќе се одржува во Охрид, Ристоски посочи дека единствениот начин на заштита е постојана будност, следење и ревизија на постоечките алатки, за да има постојано подобрување и следење на она што е момантално присутно како закана.

- Но сепак, како луѓе што се занимаваме со оваа проблематика мора да бидеме еден чекор пред напаѓачите, со цел да ги осетиме нивните намери и навреме да може да реагираме со проактивни мерки пред да се случат нападите, рече Ристоски.

Идејата на работилницата, според него, е да се покријат теми од сајбер безбедноста, но не само од технички аспект, туку и од аспект на подготовка на политики и процедури со кои ќе треба да се справат релевантните организации во Македонија.

Филип Сусман, ко-директор од земја членка на НАТО и претседател на Институтот за применета наука при Универзитетот Норвич од САД посочи дека целта на состанокот е поставување на основите на заштитата на сајбер технологијата и развој на меѓународни рамки, за тоа како овој вид заштита да функционира, како и поставување политики за нивно регулирање. Постојат некои поставени мерки од порано, но сега сакаме да додадеме нови. Постојат неколку различни аспекти, кои нема посебно како теми да бидат разгледани, но ќе се посвети внимание на нив, рече Сусман.

На работилницата, која се одржува во организација на НАТО Алијансата, а во соработка со Факултетот за електротехника и информациски технологии од Скопје, учествуваат претставници од 20 држави, меѓу кои се Република Македонија, Соединетите Американски Држави, Босна и Херцеговина, Хрватска, Грција, Германија и Молдавија, Романија, Србија..

Датум на објава: понеделник, 10 јуни 2013 во 11:33
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар