Тој нагласи дека со непочитувањето на оваа божја заповед всушност се намалува популацијата, што оди рака под рака со белата чума.

,,Ние денес не само што не се раѓаме, туку и убиваме, ги убиваме зачнатите во утробите, ги абортираме. И не само што не се множиме туку и се намалуваме. Не смееме ниту да помислиме, а уште помалку да го спречуваме зачнувањето на животот во утробите на мајките со контрацептивни средства или со било какви други средства" -изјава Владика Петар.

Во Македонија извесен пораст на наталитетот е регистриран по мерките за стимулирање на раѓањата преку различни додатоци за трето и четрвто дете како и мерките наменети за мајките. 

Сепак, демографските експерти се погласно предупредуваат дека белата чума е закана на глобално ниво.

Според последниот извештај на Обединетите Нации населението во Европа до 2100 година ќе се намали за речиси 100 милиони жител.


Датум на објава: петок, 08 јануари 2016 во 12:39
Анета Шијакова
Обновено во: 14:39

коментари

остави коментар