Трчал на Лондонскиот маратон и по пат испил 25 чаши вино- има 4 милиони прегледи (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се шири вирално видео од Лондонскиот маратон на кој еден од натпреварувачите е снимен како пие вино, чаша по чаша.

Том Гилбеј е трговец со вино и сега е вирална сензација откако објави видео што е прегледано повеќе од 4,2 милиони пати на TikTok, на кое се гледа како пие чаша вино на секои два километри што ќе ги истрча. За да си постави дополнителен предизвик, тој ги погодил видот на виното, земјата на потекло и бербата.

Изборот на вина бил разновиден, од оние што може да се купат на бензинските пумпи до врвните вина. Гилби ја заврши трката за четири часа и 41 минута, вклучително со застанувањата.

@tomgilbeywine AND WE’VE ONLY DONE A VIDEO … 26.2 miles 25 wines tasted blind 7 fully correct, 4 wrong & 14 mostly right Over £10k raised for @sobell.house Donation link still open in Bio …. BIG FAT THANK YOU ❤️ #londonmarathon #marathon #blindtasting #tomgilbey ♬ original sound - Tom Gilbey

„Бев целосно исцрпен, целосно сварен, но тоа беше одличен ден“, изјавил тој. Инаку, тој се одлучил на овој подвиг за да собере пари за својата хуманитарна институција Собел Хаус во Оксфорд, која се грижела за неговата мајка кога таа умирала, а тој успеал да собере 14.000 евра.

Барселона не може да го купи Феликс од Атлетико Мадрид

Напаѓачот на Барселона, Жоао Феликс може да го напушти каталонскиот клуб, пренесува „Cadena SER“. Правата над фудбалерот му припаѓаат на Атлетико Мадрид.

Раководството на каталонскиот тим поради финансиски проблеми не може да си дозволи да купи играч за 60-70 милиони евра.

Инаку, самиот Феликс сака да остане во Барселона.

Дваесет и четиригодишниот Феликс оваа сезона во Ла Лига постигна седум гола и три асистенции.

Феликс кариерата ја почна во Бенфика од каде направи трансфер во Атлетико Мадрид. Во 2023 најпрво замина на позајмица во Челзи, па во Барселона. /МИА

Борел: Офанзива во Рафа ќе предизвика цивилни жртви, без разлика што вели Израел

- Се плашам дека ова повторно ќе предизвика многу жртви, цивилни жртви. Без разлика што велат тие. Нема безбедни зони во Газа, додаде тој. 

Офанзивата на Израел врз Рафа, најверојатно, ќе убие повеќе цивили и се спроведува и покрај експлицитните предупредувања против неа од земјите-членки на Европската унија и САД, изјави високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

- Офанзивата на Рафа повторно почна, и покрај сите барања на меѓународната заедница, САД, земјите членки на Европската унија, сите бараат од Нетанјаху да не напаѓа, изјави Борел, пренесува Тајмс оф Израел.

- Се плашам дека ова повторно ќе предизвика многу жртви, цивилни жртви. Без разлика што велат тие. Нема безбедни зони во Газа, додаде тој. /МИА

Април годинава потопол од просечните многугодишни вредности

Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во Република Македонија, месец април годинава се карактеризира како многу топол и нормално врнежлив месец во споредба со многугодишните просечни вредности, информираат од УХМР.

Средномесечната температура изнесувала од 7,9°С во Лазарополе до 16,6°С во Гевгелија. Споредено со просечните априлски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), овогодинешната била 2,5 °С над просекот на ниво на држава.

- Највисоката максимална температура беше измерена на 14 април во Гевгелија и изнесуваше 30,7 °С. На територијата на државата во текот на месецот, од 5 до 16 ти беше забележен продор на топлотен бран. Забележена е појава на слаб мраз на повисоките места од 18-ти до 22-ри во месецот. Најниската минимална температура во текот на месецот беше измерена во Лазарополе, на 20 април и изнесуваше -3,1 °С, велат од УХМР.

Во месец април минатата година, месечната сума на врнежи во државата изнесувала од 26 mm во Демир Капија до 80 mm во Маврово.

-Врнежите беа од дожд и снег. Максимално дневно количество на врнежи од дожд 26 mm беше регистрирано во Берово на 18-ти, додека максимална снежна покривка од 9 cm беше измерена во Попова Шапка на 21-ви во месецот, нагласуваат од УХМР.

Споредено со априлската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), додаваат од Управата, измерената месечна сума на врнежи била околу просекот, на ниво на држава. /МИА

притисни ентер