Франкфуртскиот саем не е комерцијален и строго е наменет за деловни активности во насока на зголемување на бизнис активностите на компаниите од областа на текстилната индустрија, стоки за широка потрошувачка, автомобилска индустрија, техника, забава,...

- Тука сме за да им го претставиме на македонските компании сето она што им го нуди Франкфуртскиот саем и можностите кои ги имаат за да го промовираат својот бизнис, како и да им дадеме комплетна поддршка и информации за да го искористат настапот на саемот на најдобар начин, пред се за развивање на нивниот бизнис. Македонските компании можат да одат на нашите саеми како посетители или како излагачи да ги претстават своите производи, да најдат застапници, да добијат свежи идеи, да согледаат што работи конкуренцијата, да ги видат моменталните трендови во светот,.., рече Марко Кољашиќ од компанијата Зодекс, застапникот на Франкфуртскиот саем за Македонија.

Тој посочи дека кај македонските компании постои интерес да се претстават на Франкфуртскиот саем, а веќе со години и има компании кои изложувале на саемот.

- Има и такви кај кои постои интерес и се пријавуваат за саемот, но ние сметаме дека има многу поголем потенцијал. Повеќе македонски фирми треба да се присутни во Франкфурт, бидејќи тоа е местото каде можат да го развијат и унапредат својот бизнис, потенцира Кољашиќ.

Потсети дека условите за излагање на Франкфуртскиот саем се исти за сите учесници и оти цените за изложување и посета се јавно достапни на веб-страницата на саемот и зависат од манифестацијата на кој сакаат да се претстават или да ја посетат.

Според Комората, условите што ги нуди Франкфуртскиот саем се одлична можност за македонските компании да го зголемат извозот и да остварат нови деловни соработки со кои ќе се пробијат на нови пазари.

Франкфуртскиот саем има традиција поголема од 800 години и организира саемски манифестации под својот бренд ширум светот. Со свои саемски организации покрај во Германија е присутен и во Истанбул, Дубаи, САД,... Македонија во трговската размена со Германија бележи значаен суфицит, а воедно Германија е и наш најголем трговски партнер. 

Датум на објава: четврток, 05 ноември 2015 во 14:00
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар