На оваа тема гостин во вестите на Канал 5 беше продуцентот Јани Бојаџи.

Јани, во моментов бегалската криза несомнено е тема број еден и кај нас, и во светот, но, ретко кој во земјава успеа да ја препознае уште пред таа да добие драматични размери. „Виа Македонија“ е насловен документарецот кој Канал 5 вечерва премиерно ќе го емитува веднаш по дневникот. за што всушност, станува збор?

„Па многу малку луѓе го предвидоа ова, за да се обидам да ја информирам сега јавноста ќе бидам доста прецизен. Идејата за овој проект се роди уште во февруари, во март го направивме сценариото, во април ја направивме апликацијата и во мај филмот беше снимен. Тоа беше во време кога никој не се интересираше за овој проблем, немаше никаков јавен интерес. Во мај месец каде што се случуваше ова лудило бевме само ние екипата на Канал 5 и МВР“ – изјави Бојаџи.

Целиот разговор погледнете го во видеото.


Датум на објава: недела, 30 август 2015 во 18:44
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар