Деканот, професор доктор Миле Станковски очекува годинава да примат повеќе студенти споредено со претходните години, не само поради одобрената зголемена квота и големиот број насоки кои се дизајнирани со потребите на пазарот на труд туку и поради интересот на домашните водечки и странските компании во земјава за кадар кој излегува токму од редовите на оваа високо-образовна институција.

На ФЕИТ се горди што работат според стандардот ISO 9001 и што над деведесет насто од студентите што се запишуваат кај нив се со највисоките можни деведесет бодови па очекуваат најдобрите ученици да станат најдобри студенти и во иднина најдобри инженери.

Аплицирањето за упис, информираат од ФЕИТ може да се врши и по електронски пат. Инаку за упис во академската 2015-та 2016-та година на сите пет државни универзитети има без малку 25 илјади слободни места. На УКИМ 10.669 места, на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола слободни се вкупно 3.803 места, На Државниот универзитет-Тетово за 2015/2016 слободни се 4.650 места,Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип објави конкурс за 5.390 места.

На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“-Охрид има 440 места.

Сите подетални информации, идните бруцоши може да ги најдат на веб-страните на некој од посочените Универзитети. 

Датум на објава: вторник, 11 август 2015 во 14:02
Мирјана Трпческа
Обновено во: 14:41

коментари

остави коментар