Една група на работници во еден ресторан за брза храна во Балтимор се обидела да биде “духовита и забавна“, па така снимиле како го “подмачкуваат“ лепчето, пред на него да го стават месото.

Видеото за кратко време стана популарно на социјалните мрежи и Јутуб, поради што ресторанот мораше да реагира. Од ресторанот соопштија дека вработените ќе сносат последици и ќе биде покрената истрага.

„Зборувавме со вработената и нејзината мајка. Навистина и е жал поради работите кои ги направи“ – соопштија од ресторанот.

Наводно бургерот со кој е “избришан подот“ не е сервиран на муштериите, но на социјалните мрежи потршувачите изразија сомнеж во вистинитоста на оваа изјава.


Датум на објава: петок, 07 август 2015 во 10:04
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар