Првите  побрзо добиваат  работа, а вторите олеснувања при вработувања на нови лица. Со мерките, компаниите го зголемуваат бројот на вработени. Една од нив е скопска компанија за консалтинг која досега   има вработено 10 лица  преку  владиниот проект.   

„Со новите мерки за проектот  “Македонија  вработува“, нашата компанијата за месец дена има десет вработени во две категории, до 29 години и до 35 години едно лице, за нас како фирма мерките се многу добри од причини што ни даваат поволни услови за да вработиме нови лица, како и лица до 35 години кои биле активни баратели на работа, нашата компанија добива можност да дојде до момент да се ослободи од давање на придонесите , ги намалува давачките  со исплата само на нето плата. Нововработени во самата компанија, лицата што се млади имаат перспектива, на нашата  компанија и треба  каков кадар“ изјави Ивица Петковски, Хидра Консалтинг.

„Мерката мене ми помогна да го скратам времето за барање на работа и сметам дека оваа мерка има позитивно влијание за луѓето кои бараат работа,  две години бев активен баратен на работа и со оваа мерка се намали времето за барање работа“ изјави Александар Димниќ, референт за сметководство во Хидра  Консалтинг.     

Компаниите ги користат мерките и за вработување на лица постари од 50 години. Сметководствено биро од Битола  “Проектот го искористив за вработување на сметководител од 50 до 58 години, а бенефитот е тоа што  ќе го искористи овој проект до пензија, сметам дека овој проект е многу добар и за фирмата и за вработените на кои им се потребни бенефиции, искористивме и претходно и други проекти, фирмата постои  едната 6 години постои, а втората од јануари преку која го искористив вработувањето и тука имам  вработување до 29 години“ изјави Наташа Лукиќ,  сметководствено биро А – НАКАУНТ- Битола.

Вработивме три лица, проектот е добар, а инаку 50 имаме вработени, ни помогна проектот да можеме да набавиме репроматеријали. Вакви проекти да се прават почесто оти е добро за приватниот сектор.

„Невработен бев повеќе од 20 години, пред месец дена ја видов рекламата Македонија вработува, а по препорака на соседите успеав да најдам работа во една штипска фирма, задоволен сум од работата и од фирмата“ - изјави Томе Ласков 61 годишен од Штип. 


коментари

остави коментар